Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Угостителските услуги во Србија поскапеле за 5,6 отсто за една година

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 57 минути -

Балкан
media-libraryoqbodgnbj8hddypwZO4
Photo by Jasmin Schreiber on Unsplash

Угостителските услуги во Србија поскапеле за 5,6 отсто во октомври годинава во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Републичкиот завод за статистика.

— реклама —

Најголемо зголемување е забележано кај храната, чии цени пораснале за 5,8 отсто. Готовите јадења поскапеле за 7 отсто, варивата за 8 отсто, топлите и студените предјадења за 6,1 отсто, додека печењата и јадењата по нарачка биле поскапи за 4,5 отсто.

— реклама —

Цените на алкохолните пијалаци се зголемиле за 4,7 отсто, на безалкохолните за 5 отсто, а на сместувањето за 5,9 отсто.

— реклама —

Поскапувањето во Војводина било значително повисоко од републичкиот просек и изнесувало 7,6 отсто. Таму храната поскапела за 11 отсто, алкохолните пијалаци за 5,2, а безалкохолните за 4,9 отсто.

— реклама —

Единствено поевтинување е забележано кај сместувањето во Војводина, чии цени се намалиле за 2,3 отсто.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

srpski-dinari

Пензиите во Србија растат за 7,5 отсто: Еве колку ќе добиваат пензионерите од јануари

Балкан | пред 44 минути

— реклама —
media-library2gfqf9m4o7c7aGY3kLb

По изборниот успех, Студентската листа на средби со американски и руски дипломати

Балкан | пред 1 ден

media-librarya21ta639bia97PyqYKE

Без задолжителен воен рок, реформи за БИА и прекинување на испорака на оружје за Израел – што планира новата власт во Србија?

Балкан | пред 2 дена

media-librarysu4m6bp9n599eSutE3z

По речиси 14 години на функцијата, директорот на „Србијаводе“ поднесе неотповиклива оставка поради закани кон семејството

Балкан | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања