Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Србија на нозе: Студентски бунт по апсења за „уривање уставен поредок“ – блокади, демонстрации, судири

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
Screenshot-2025-06-29-at-23.22.39

Нови масовни протести избувнаа во повеќе српски градови откако властите уапсија осум студенти под сомнение за заговор против уставниот поредок. Според Вишото јавно обвинителство во Белград, уапсените се товарат дека планирале напади врз државни институции, блокади на клучна инфраструктура и уривање на градилиштето за ЕКСПО 2027 – со крајна цел насилна промена на поредокот во Србија.

— реклама —

Апсењата, кои беа спроведени во соработка со полицијата и БИА, ги активираа студентите кои веднаш повикаа на собири пред Обвинителството во Белград, поставувајќи барикади со контејнери и гуми. Наскоро се проширија и на други градови: Нови Сад, Чачак, Шабац, Зајечар, Ваљево, Суботица, Ужице, Крагуевац, Рума и Зрењанин – каде беа блокирани улици и раскрсници.

— реклама —

Во Белград, демонстрантите поминале покрај седиштето на владејачката СНС. Според Н1, таму летале камења и било скршено стакло.

— реклама —

Сите осомничени се во 48-часовен притвор и се очекува да бидат сослушани од обвинителството. Обвиненијата вклучуваат „Подготовка на дело против уставниот поредок и безбедноста на Србија“.

— реклама —

Студентските организации ги демантираат наводите за насилни планови, тврдејќи дека станува збор за обид за криминализација на младинскиот отпор. Протестите продолжуваат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library7kaun3ev6mucbcNf2j2

Изгоре стан во Белград, маж пронајден мртов во ходникот

Балкан | пред 1 ден

— реклама —
media-librarylpfbpa13i34b52NkC3X

До 20 ноември отворен конкурсот за управник во стечајот на српската АЛТА банка

Балкан | пред 1 ден

srbija-parlament

Новиот парламент на Србија ги потврди мандатите, СНС по 14 години останува без мнозинство

Балкан | пред 1 ден

media-library17dn5qgsf56h8woiXw5

(Видео) Снимки од местото на несреќата во Србија: Воениот авион гори на отворено поле

Настани | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања