Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО ОД ОХРИД: Антонија Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков, музика,смеа,подароци
ВО ЖИВО ОД ОХРИД: Антонија Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков, музика,смеа,подароци

Србија пушта 30.000 тони дизел од резервите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Балкан
media-library5ihc6glaoq8ofNek7Hz

Владата на Србија донела одлука да пушти дополнителни 30.000 тони дизел од државните резерви, со што вкупната количина, заедно со претходно преземените количини од нафтените компании, достигнува 65.000 тони, изјави министерката за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ.

Таа наведе дека е донесена и одлука за продолжување на забраната за извоз на нафта и нафтени деривати за погон на мотори за уште еден месец, односно до крајот на јуни. Забраната се однесува на извоз на дизел, бензин и сурова нафта со сите видови транспорт и е продолжена како мерка за заштита на снабдувањето на домашниот пазар поради глобалните пореметувања и растот на цените.

— реклама —

Министерката додаде дека акцизите се намалени за 25 проценти, со цел да се ублажи притисокот врз граѓаните и стопанството.

Таа оцени дека состојбата на светскиот пазар на нафта станува сè посложена и дека не е јасно колку долго ќе траат пореметувањата, што создава дополнителни предизвици за економијата.

— реклама —

Според неа, преземените мерки се финансиски оптоварувачки за државниот буџет, но се неопходни за да се одржи стабилноста на цените на горивата и да се заштитат граѓаните и стопанството од нагли поскапувања.

— реклама —

Таа потсети и дека обврзните резерви на нафта и нафтени деривати во изминатите години значително се зголемени, како и дека се засилени резервите на дизел и бензин.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library66eb1p67r19sbC6iECY

(Фото) Едно лице загина, меѓу повредените и 10-годишно дете во тешка сообраќајна несреќа во Лазаревац

Балкан | пред 2 часа

media-libraryae2me9s0mofc17yltKW

Отворен првиот стаклен видиковец во Србија – нова туристичка атракција на Каблар

Балкан | пред 21 час

media-library4bal9nem50nd1iuSgCr

Српската полиција уапси петмина осомничени за сексуална злоупотреба на деца, наводно ги намамувале преку лажни профили

Балкан | пред 1 ден

media-librarybpmgfi142vki4tUG1fX

Страшна трагедија во Србија: Воз удри во автомобил, загинаа мајка и тригодишно дете

Балкан | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања