Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Србија за една година ќе произведува балистички ракети со голем дострел, најави Вучиќ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Балкан
media-libraryngcrvfoeij4ibOFEDxF
Илустрација

Србија би можела да започне со сериско производство на балистички ракети со голем дострел во рок од една година, најави српскиот претседател Александар Вучиќ на Бизнис-самитот Србија–Узбекистан.

— реклама —

Вучиќ истакна дека Србија напредува во одбранбената индустрија и дека земјата е подготвена самостојно да го реализира проектот, но изрази и подготвеност за соработка со Узбекистан во развојот на оваа технологија.

— реклама —

Во текот на обраќањето, Вучиќ го прашал Ненад Милорадовиќ, помошник на министерот за одбрана за материјални ресурси, колку време е потребно за започнување со производството на балистички ракети со голем дострел. Според Милорадовиќ, потребна е околу една година.

Вучиќ потоа најави дека Србија за една година би можела да започне со производство, додавајќи дека краткодометните ракети веќе се произведуваат.

— реклама —

„Тоа се вести за кои ретко зборуваме со граѓаните на Србија, но тие сведочат за нашиот технолошки и индустриски напредок“, рече Вучиќ.

— реклама —

Тој додаде дека српските стручњаци веќе работат на проектот и дека Белград е подготвен да соработува со Узбекистан и во оваа област.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library9r80j55i9ibj73rSjgf

РЕМ му забрани на Информер да емитува утринска информативна програма седум дена

Свет | пред 21 час

— реклама —
media-library7f5e8qmn8ij423xF0pr

Цистерна со цемент излетала од патот кај Белград, двајца повредени

Балкан | пред 1 ден

brnabikj

По станот во Белград, шефот на кабинетот на Брнабиќ купил и луксузен имот во Тиват

Балкан | пред 3 дена

policija-srbija

Го претепале до смрт сведокот за случајот со малата Данка Илиќ, уапсени осум полицајци во Србија

Балкан | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања