Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Србинка тешко повредена во Грција: Паднала од џет-ски и се здобила со повреда на главата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Балкан
media-librarycm4g24sh2mde4G5XRl3
Photo by Jonathon Kemp on Unsplash

Туристка од Србија е потешко повредена откако паднала од скутер на вода во морската област Гларокавос, на Касандра, во Грција.

Несреќата се случила вчера попладне, кога 36-годишната жена паднала од џет-ски во морето. При падот се здобила со повреда на главата и ја изгубила свеста.

— реклама —

Прва помош ѝ пружиле сопругот и менаџерот на компанијата за изнајмување чамци, по што на местото пристигнала екипа на итната медицинска помош. Повредената првично била пренесена во Здравствениот центар Касандра, а поради сериозноста на повредите потоа била префрлена во Општата болница Халкидики.

— реклама —

Оттаму, жената била транспортирана во болницата „Папаниколау“ во Солун, каде што е задржана на понатамошни прегледи и следење.

Случајот го истражува Втората пристанишна управа на Неа Мудања при Централната пристанишна управа на Солун. Во рамки на прелиминарната истрага бил уапсен 53-годишниот менаџер на компанијата која ѝ го изнајмила скутерот.

— реклама —

Според грчките медиуми, тој е обвинет за прекршување на одредбите од Кривичниот законик што се однесуваат на изложување лице на опасност и нанесување телесни повреди од небрежност.

Во текот на истрагата било утврдено дека скутерот на вода ѝ бил изнајмен на жената иако, според наводите на надлежните, таа не поседувала потребна дозвола за управување со глисер.

Надлежните продолжуваат со истрагата за да се утврдат сите околности под кои се случила несреќата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

granica-so-srbija

Колони на границата со Србија, за влез се чека и повеќе од еден час

Балкан | пред 5 часа

— реклама —
media-libraryvbso22be5s0o9OMeti6

(Видео) Хаос во студиото на Пинк: Дачиќ се скара со водителот, паднаа тешки обвинувања

Свет | пред 13 часа

media-libraryveku9n0qnaph8V1U6dx

(Видео) „Србијо, те сакаме! Во недела ја ослободуваме татковината“ – последна порака од студентите пред изборниот молк

Свет | пред 2 дена

media-library4bal9nem50nd1iuSgCr

Маскирана група демолирала кафуле во Белград, повредени двајца холандски рагбисти

Балкан | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања