Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со нерезидентни амбасадори со седиште во Софија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_6539

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими нерезидентните амбасадори на Кралството Мароко, Закиа Ел Мидауи, на Арапската Република Египет, Надер Саад, на Државата Кувајт, Гази Хамед Алфадли, на Монголија, Сајанаа Лхагвасурен, на Грузија, Отар Бердзенишвили, на Република Молдавија, Анатол Чебук, на Република Куба, Мариета Гарсија Хордан, на Република Индија, Санџај Рана, и на Исламска Република Пакистан, Модсар Чаудaри, кои се со седиште во Софија.

На средбата претседателката Сиљановска Давкова ја истакна посветеноста од македонска страна за зајакнување на дипломатските односи со секоја од државите, како на билатерален, така и на мултилатерален план.

„Нашите врати се секогаш отворени за дијалог и со нетрпение очекуваме тесно да соработуваме со вас за да го истражиме целосниот потенцијал на нашите дипломатски и економски односи. Во таа насока, се надевам дека поблиските билатерални односи и почестите средби ќе го отворат патот за отворање на амбасадите на вашите почитувани земји овде во Скопје“, рече претседателката Сиљановска Давкова, посочувајќи на огромниот потенцијал за развој на економска соработка и претставувајќи го атрактивното инвестициско опкружување на земјата, кое се карактеризира со стратешка географска локација, стабилна монетарна политика, поволни даночни услови и квалификувана работна сила.

— реклама —

Таа ги претстави актуелните состојби во државата по одржаните претседателски и парламентарни избори, приоритетите по однос на реформскиот процес, економскиот развој и надворешно-политичките односи.

Во тој контекст, претседателката Сиљановска Давкова посочи на членството во НАТО и европската интеграција како клучни аспекти во надворешната политика на државата.

— реклама —

„Како членка на НАТО, нашата земја сериозно и одговорно ја прифати својата улога. Нашето членство не само што ја зајакнува нашата национална безбедност, туку и ни овозможува значително да придонесеме за регионалната и глобалната стабилност. Активно учествуваме во операциите на НАТО, воените вежби и процесите на донесување одлуки, демонстрирајќи ја нашата заложба за принципите и целите на Алијансата“, рече претседателката Сиљановска Давкова.

— реклама —

По однос на процесот на интеграција во Европската Унија, претседателката Сиљановска Давкова истакна дека нашата земја продолжува да презема значајни чекори кон полноправно членство во ЕУ и дека тоа останува стратешки приоритет за земјата, оценувајќи дека нашата интеграција кон ЕУ е сложена и вклучува различни аспекти.

„Очекуваме јасна потврда од Европската Унија за нејзината посветеност на проширувањето кон Западен Балкан, слично на ставот искажан на Самитот во Солун. Мислам дека билатерализацијата на европскиот процес никому нема биде од корист и ќе им служи на интересите на трети земји со различни цели на Западен Балкан“, рече претседателката Сиљановска Давкова.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarytb4hhas23vrd1fWqWFp

Сиљановска од Прилеп: Театарот останува место каде човекот доброволно се соочува со вистината

Македонија | пред 1 месец

media-libraryhbp6csn8ibsm2VK7ShM

Сиљановска-Давкова и Раши во Братислава: Словачка ја потврди поддршката за македонските евроинтеграции

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryhlqseqcc0e156FpSMbX

Сиљановска-Давкова во официјална посета на Словенија, ќе се сретне со словенечкиот државен врв

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryjqldpuiku9m41nKT9G9

Сиљановска на отворањето на Народната канцеларија: Ова е почеток на поотворена и подиректна комуникација со граѓаните

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања