Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Средба Николовски – Дмитрасевич: Имаме чест нашето искуство да го споделиме на Украина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
IMG_3442

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, од денес, па до крајот на неделава, ќе биде домаќин на украинската делегација, предводена од заменик министерот за земјоделска политика и храна на пријателска Украина, Маркијан Дмитрасевич.

„Нашата држава е посочена од Европската Комисија, како една од земјите, која е на најнапредно ниво во делот на усогласеноста на земјоделскиот сектор со европските земјоделски политики и законодавство и користењето на средствата од ИПАРД, во однос на останатите земји кандидати за членство во ЕУ што ме прави посебно горд и е само уште една потврда за добро завршената работа“, изјави по средбата министерот Николовски.

— реклама —

Од некогаш заробена и изолирана држава, денес Република Северна Македонија е земја пример, која своето искуство го пренесува на другите земји.

— реклама —

„Ми преставува посебна чест, што нашето искуство ќе имаме можност да го споделиме токму со украинската делегација, со цел полесно да го прилагодат нивното земјоделство и политиките кон барањата на Европската Унија“, изјави министерот Николовски.

— реклама —

Украина е во почетна фаза на правните прилагодувања, кон законодавството на Европската Унија, во делот на Законот за земјоделство, воспоставување на Платежна агенција и ИАКС, како и користење на предпристапните средства од ЕУ.

„Работната посета, треба на украинската делегација, да и овозможи размена на македонските искуства за успешно воспоставување на политиките и системите во делот на Интегрираниот Систем за Администрација и Контрола на државната поддршка во земјоделството и руралните средини (ИАКС), искуствата од воспоставување на ЕРЗС, ЛПИС и ФАДН, подготовките за користење на ИПАРД програмата и функционирањето на Платежната агенција“, изјави министерот Николовски.

За време на официјалната посета, нашите украински колеги, ќе остварат посета на Платежната агенција, додека на теран презентирана ќе биде успешна ИПАРД приказна, претставена преку винаријата Мовино во Росоман. Дополнително украинските колеги ќе бидат запознаени со функционирањето на подрачните единици на министерството, како и со придобивките од спроведувањето на процесот за консолидација на земјишните парцели во Пелагонија.

Двајцата министри, на денешната средба, разговараа и за зголемување на заедничката соработка, меѓу двете држави, во делот на трговската размена.

„Минатата година потпишавме измени и дополнувања на Договорот за слободна трговија за натамошна либерализација на трговијата со земјоделско-прехранбени производи, со што овозможивме целосна либерализација за извоз во Украина на македонските домати, зелка, краставици, грозје и јаболка и увоз на украински месо и месни производи како и производи од маслодајни култури. Со измените се постигна многу поголема либерализација во врска со правилата за потекло, односно ако досега за извоз и увоз се користеа само суровини со потекло од Македонија и Украина, со овие нови правила се овозможи да се користат и ЕУ суровини. А ова значително влијае на зголемување на трговската размена и девизниот прилив“, изјави министерот Николовски.

Министерот Николовски изрази благодарност, за честа да бидеме домаќини на украинската делегација, посакувајќи овие неколку дена да уживаат во убавините на Македонија, додавајќи дека посакува да се оствари заедничката желба, наскоро, двете држави, да се бидат заедно во Европската Унија, како рамноправни членки на европското семејство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryu29b6m4frvvn03ln4lA

Николоски: Хрватска усвои закон за долгорочни визи за професионални возачи

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-library6m66bn2f5j08cf37Ief

Рокот за автопатот Гостивар–Букојчани кој го гради „Бехтел и Енка“ продолжен до декември 2029 година

Македонија | пред 1 седмица

media-librarysnebmcfuhdte5t11aKq

Зголемена наплата од увоз на тутун за 11 милиони евра во првото тримесечје и спречени осум случаи на шверц

Македонија | пред 1 месец

media-library0etu7d86sm7r3QInY74

Автопатот Прилеп–Битола - 22 км пробиена траса од вкупно 40 км, во тек интензивни работи

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања