Промени тема
Контакт

Средношколец од Прилеп со лажен профил добил пристап до е-дневникот во цела држава и бришел податоци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-libraryc40tfbmb8j5f4eLIrl9

ОВР Прилеп поднесе известување против ученик во средно училиште во Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „компјутерски фалсификат".

— реклама —

Пријавениот, со лажно претставување дека е наставник по англиски јазик од основно училиште во Виница, креирал профил и стапил во контакт со вработена во Министерство за образование и наука, која му укажала дека разговорите со наставници не треба да се водат на социјални мрежи и му креирала официјална електронска адреса од Министерството за образование, му ги доделила лозинките од е-дневник како администратор од нејзината корисничка сметка, му соопштила да ги координира сите наставници.

— реклама —
— реклама —

На тој начин пријавениот имал пристап до сите податоци од сите професори на ниво на државата, ги координирал и им помагал при водењето на електронскиот дневник.

Во периодот од 2022 до ноември 2025 година, до моментот кога поранешната в.д. директорка го информирала пријавениот дека одредена професорка ѝ пријавила дека некој ги брише податоците од електронскиот дневник во училиштето, пријавениот ги избришал сите профили и акаунти од лажниот профил од социјалните мрежи, а исто така подоцна избришан бил и профилот oд службениот меил од МОН.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarytvb6nkcknph14CMmrcA

Ресенчани нападнале жена, на едниот му била сопруга, а на другиот роднина

Македонија | пред 3 часа

— реклама —
semejno-nasilstvo

Кавадарчанец ја нападнал вонбрачната сопруга со тврд предмет, полицијата го уапси

Македонија | пред 3 часа

media-libraryv3n0f437ho8d45dekpt

Ја искршил вратата од домот на чичко му, кршел покуќнина, па ја нападнал и сестра му

Скопје | пред 3 часа

media-libraryvrb8vtc7b44l3MDjsWP

Вандализам во Центар: Искршен излог на ресторан, полицијата го расчистува случајот

Скопје | пред 3 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања