„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Српската полиција со детали за киднапирањето на Даниел Кајмакоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
media-librarys40cufoqe57obPuaOVf

Српското Министерство за внатрешни работи соопштува дека две засега непознати лица, со закани со нож и огнено оружје, во раните утрински часови во Белград го киднапирале македонскиот пејач Даниел Кајмакоски и од него изнудувале пари.

— реклама —

Според официјалното соопштение, киднапирањето се случува во Караѓорѓева улица во Белград, по што осомничените го однеле оштетениот во неговото возило. По полициска потера, возилото е запрено на територијата на општина Рума, каде што полицијата го затекнува Кајмакоски со врзани раце, додека сторителите успеваат да го напуштат возилото и да се оддалечат во непознат правец.

Акцијата за запирање на возилото е реализирана координирано од повеќе служби на српското МВР, меѓу кои Управата за криминалистичка полиција, Службата за сузбивање криминал, Службата за борба против тероризам, Жандармеријата, Специјалната антитерористичка единица, сообраќајната и граничната полиција, како и полициските единици на град Белград.

— реклама —

Од српското МВР информираат дека оштетениот е згрижен, на местото на настанот е извршен увид, а полициските службеници продолжуваат со интензивна потрага по извршителите. Вишото јавно обвинителство во Белград го квалификува делото како киднапирање, а истрагата за целосно расветлување на случајот е во тек.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarygpbune5rpok1c90AGN4

Адвокатот на Кајмакоски: По приведувањето на осомничените ќе се утврдат мотивите и дали имало нарачател

Магазин | пред 2 часа

media-libraryh2j484fl2bqv0eDXdaS

(Видео) Кајмакоски првпат се појави во јавност по киднапирањето

Настани | пред 2 седмици

media-library4719ngjibt7a6741581

(Видео) „Намерно удриле во банкина“ – Откриени нови детали за киднапирањето на Кајмакоски

Магазин | пред 3 седмици

media-library4719ngjibt7a6741581

(Видео) Филмска потера во Белград: Киднаперите го држеле Кајмакоски во бело „Волво“, додале гас и бегале од полицијата

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања