Пејачот Даниел Кајмакоски за првпат се појави во јавност откако во неделата наутро, по настап во Белград, беше киднапиран.
Кајмакоски синоќа настапил во истиот елитен ресторан, каде што бил киднапиран, и ја воодушевил публиката, која според неговото однесување никогаш не би претпоставила каков хорор доживеал пред неколку дена. Интересно е тоа што на официјалната веб-страница на клубот каде што настапувал, неговиот настап бил најавен само неколку часа претходно.
Полицијата сè уште трага по двајцата мажи што го киднапираа македонскиот пејач Даниел Кајмакоски (43) рано наутро во неделата во Бетон хала во Белград. Киднаперите, врзаниот Кајмакоски, го возеле 63 километри со неговиот автомобил, бегајќи од полицијата. Кајмакоски бил врзан на задното седиште од неговото „волво“, а кога киднаперите се забиле во банкината кај Рума, полицијата го пронашла пејачот, пишува српски „Блиц“.
Адвокатот Бранислав Станишиќ истакна дека Даниел е психички и физички во ред, иако настанот оставил последици.
„Истрагата е во тек и ќе трае уште. Што се однесува до Даниел, тој е психички и физички добро, што е најважно за семејството и за него сега. Оваа ситуација остави, така да се каже, шок последици, но, среќа, тој успева да ги надмине. Ако ме прашувате за самиот случај, не можеме да изнесеме премногу информации додека осомничените за извршување на ова ужасно кривично дело не бидат приведени, бидејќи се уште се во бегство. Во согласност со полицијата, во овој момент не можеме да објавиме повеќе детали. Ситуацијата на терен е таква што осомничените го напуштиле местото кај Рума, мислам на местото каде автомобилот удрил во банкината. Од тој момент тие ја напуштиле локацијата и се уште се трага по нив – рече Станишиќ.
Видеото можете да го погледнете тука