„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

(Видео) Филмска потера во Белград: Киднаперите го држеле Кајмакоски во бело „Волво“, додале гас и бегале од полицијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-library4719ngjibt7a6741581

Синоќешната полициска акција на Караѓорѓева улица во Белград се претворила во вистинска филмска драма, кога возачот на бел „Волво XC60“ не застананал на наредбата на полицијата и дал гас. Подоцна било утврдено дека во возилото се наоѓал киднапираниот пејач Даниел Кајмакоски (43), на кого киднаперите му ги врзале рацете.

— реклама —

Драмата започнала во неделата околу 00.50 часот, откако Кајмакоски го завршил настапот во ноќниот клуб „Лафајет“ во Бетон хала.

Кога седнал во својот автомобил, паркиран во Караѓорѓева улица, му пришло непознато машко лице кое, со закана со нож и употреба на сила, му ги врзало рацете со селотејп лента. Набргу му се придружил и втор соучесник, кој влегол на задното седиште, додека еден од киднаперите го презел воланот.

— реклама —

За време на обидот да излезат од Караѓорѓева улица кон Бранков мост, киднаперите наишле на полициска патрола која се обидела да го запре возилото.

Иако „Волвото“ накратко забавило, возачот потоа нагло забрзал, по што следела потера низ Белград – преку Бранков мост, покрај Палатата Србија и Белградската арена, а потоа вклучување на автопатот во правец на Шид, со намера да стигнат до границата.

Како што се наведува, киднаперите му се заканувале на пејачот со пиштол и барале исплата од 20.000 евра за неговиот живот, тврдејќи дека имаат соработници пред неговиот семеен стан кои, доколку барањата не бидат исполнети, ќе ѝ наштетат на неговата сопруга и децата.

Еден од киднаперите му се обраќал на Кајмакоски на лош англиски јазик, додека на соучесникот му давал инструкции на турски.

По минувањето на наплатната рампа Шимановци, во потерата се вклучиле дополнителни полициски единици. Возачот кој возел со голема брзина изгубил контрола над возилото и удрил во заштитната банкинa. Двајца вооружени напаѓачи го напуштиле автомобилот и побегнале во непознат правец по сообраќајната несреќа.

Полицајците во возилото го затекнале Даниел Кајмакоски, со врзани раце, но без потешки телесни повреди.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека возилото било запрено со координирана акција на повеќе полициски единици, додека Вишото јавно обвинителство во Белград кривичното дело го квалификувало како киднапирање. Интензивната потрага по извршителите е во тек.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarygpbune5rpok1c90AGN4

Адвокатот на Кајмакоски: По приведувањето на осомничените ќе се утврдат мотивите и дали имало нарачател

Магазин | пред 2 часа

media-libraryh2j484fl2bqv0eDXdaS

(Видео) Кајмакоски првпат се појави во јавност по киднапирањето

Настани | пред 2 седмици

media-library4719ngjibt7a6741581

(Видео) „Намерно удриле во банкина“ – Откриени нови детали за киднапирањето на Кајмакоски

Магазин | пред 3 седмици

media-librarys40cufoqe57obPuaOVf

Српската полиција со детали за киднапирањето на Даниел Кајмакоски

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања