Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Српски државјанин осомничен за тешка сообраќајна несреќа со смртни последици кај Валандово

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
media-libraryi3jf2rmth9944Z9v0SB
Скопје1.мк

Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против државјанин на Република Србија осомничен за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, по член 300 став 4 во врска со член 297 од Кривичниот законик.

Инцидентот се случил на 19 ноември, рано утрото, кога осомничениот управувал товарно возило „Мерцедес“, натоварено со околу 24,5 тони пресувана хартија, на регионалниот пат од Валандово кон Дојран. Според обвинителството, возачот не се придржувал кон прописите за безбедност на патиштата, не го држел возилото блиску до десниот раб и не ја приспособил брзината кон условите на патот, со што го загрозил јавниот сообраќај.

— реклама —

Возилото излетало од коловозот, се превртело на десната страна и при тоа било откриено дека во полуприколката превезувал 10 кинески државјани. Од нив, 35-годишна жена и уште еден маж го загубиле животот. Две лица се здобиле со тешки телесни повреди, а уште две со полесни.

— реклама —

Поради опасност од бегство, имајќи предвид дека осомничениот е странски државјанин и тежината на последиците, јавниот обвинител доставил предлог до судијата на претходна постапка за определување притвор.

— реклама —

Во исто време, надлежните органи преземаат дејствија за утврдување дали во случајот постојат елементи на кривично дело криумчарење мигранти.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

woman-holding-glass-filled-with-water

Зголемено ниво на арсен во водата во Валандово – надлежните препорачуваат да не се пие

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryb8kqb92soggibMvDONr

Камчев: Валандово нема повеќе да тапка во место, со инвестициите што следат ќе се отворат 200 работни места

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања