Промени тема
Контакт

Српски државјанин се обидел да прошверцува 5.000 штеки цигари скриени во камион со изолациски материјал, Обвинителството бара притвор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-librarygkcdgbramlbe3lI9Lci

Основното јавно обвинителство Гевгелија отвори истражна постапка против државјанин на Србија, осомничен за кривичното дело избегнување плаќање акциза.

— реклама —

Според Обвинителството, осомничениот се обидел да избегне плаќање акциза во вредност од речиси пет милиони денари, пренесувајќи 5.000 штеки цигари без акцизни маркички преку граничниот премин Богородица.

— реклама —

Тој со камион-влекач и приколка со српски регистарски ознаки, сопственост на транспортна компанија од Србија, влегол во земјава и пријавил транзит на стока декларирана како материјал за изолација.

— реклама —

При царинската контрола, над пријавената стока биле пронајдени 100 картонски кутии со 5.000 штеки цигари без акцизни маркички.

— реклама —

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Гевгелија поднел предлог за определување мерка притвор, поради опасност од бегство, можност за прикривање или уништување докази, како и можност осомничениот да влијае врз сведоци или евентуални соучесници во постапката.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

ojo

ОЈО бара притвор за двете финансиски раководителки во Државна лотарија, осомничени дека присвоиле речиси 80 милиони денари

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
bolnica-bitola

Наместо тромбоза, ѝ дијагностицирале ревматоиден артритис: Петмина лекари од Битола обвинети по смртта на 40-годишна пациентка

Македонија | пред 6 дена

media-libraryq3ifenpokr5acj63Xsy

Тројца осомничени за тероризам и недозволена трговија со оружје и експлозиви, ОЈО бара притвор од 30 дена

Македонија | пред 1 седмица

media-librarycnknba9drcl66ylKZAu

Од утрово голема акција против криминална група, во тек се претреси и апсења

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања