Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Српски државјанин казнет со 3.000 евра: Двапати возел повеќе од двојно над дозволеното

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library3q87f23urs1kaelxRtN
ФБ / МВР

Српски државјанин ќе плати вкупно 3.000 евра откако во два наврати бил фатен како вози со повеќе од двојно поголема брзина од дозволената на автопатот А1, соопшти Основното јавно обвинителство Кавадарци.

— реклама —

Станува збор за 34-годишниот Д.П., кому му биле изречени две парични казни од по 1.500 евра за кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“.

— реклама —

Тој бил приведен на 29 август во 23:20 часот на граничниот премин Табановце, при обид да ја напушти земјата. При проверката на возило „шкода“ со српски регистарски ознаки, преку системот „Безбеден град“ било утврдено дека претходно двапати бил евидентиран со екстремно висока брзина.

— реклама —

На 22 јули, во близина на Демир Капија, тој возел со 163 километри на час, а на 20 август на истата делница бил регистриран со брзина од 169 километри на час. Во двата случаи дозволената брзина била 80 километри на час.

По приведувањето, Д.П. бил спроведен во Полициската станица Неготино за понатамошно постапување.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

pozarna-

Албански државјанин фатен како предизвикува пожар во прилепско – полицијата го уапси

Македонија | пред 18 секунди

— реклама —
media-library43lt6nf3lvup69dTR70

(Видео) Возел „ролс-ројс“ со 194 км/ч на автопатот Гостивар – Тетово, приведен 44-годишник

Македонија | пред 13 часа

pari

Ѝ зел 117.000 денари претставувајќи се како вработен во Катастар – скопјанка открила во полиција како била измамена

Македонија | пред 21 час

media-library3hotuv4ck15d0VuvNGT

Ја нападнал 16-годишната девојка, па насилно ја внел во автомобил – уапсен 20-годишник во Велес

Македонија | пред 21 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања