Српски медиуми тврдат: Даниел Кајмакоски киднапиран во Белград, наводно барани 20.000 евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 дена -

Свет
media-libraryrihvs9fumart7TOhgYL

Десетина српски портали објавија дека македонскиот пејач Даниел Кајмакоски е киднапиран во Белград, повикувајќи се на српски Курир.

— реклама —

Според објавените тврдења, инцидентот се случил во близина на Бетон хала, каде, како што се наведува, Кајмакоски бил присилно внесен во автомобил.

— реклама —

Според написите, непознати лица го врзале и го возеле во неговото возило, при што од него наводно барале сума од 20.000 евра. Извор за „Курир“ тврди дека осомничените се странски државјани и дека не е исклучена можноста да станува збор за мигранти.

— реклама —

Во истите наводи се посочува дека киднаперите го возеле пејачот кон Рума, каде при обид на сообраќајна полиција да го запре возилото, тие удриле во заштитната ограда, излегле од автомобилот и побегнале. По нив сѐ уште се трага.

Засега нема официјална потврда од српските надлежни институции за ваков настан, ниту пак изјава од самиот Кајмакоски или од негови блиски соработници. Информациите што кружат во јавноста се темелат исклучиво на медиумски извори, а случајот предизвикува силен интерес и реакции и во македонската и во српската јавност.

media-library47f6kvm3ulm60utVlgj

„Скопје1“ исконтактира со лицето оставено како контакт за јавност од страна на Кајмакоски, но засега немаме одговор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања