Промени тема
Контакт

ССМ и СДС се едно исто, синдикатот молчеше кога работниците со месеци беа без плата, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
Screenshot-2025-04-01-at-11.25.51

ВМРО-ДПМНЕ денеска соопшти дека Сојузот на синдикати на Македонија и СДС, како што наведуваат, дејствуваат како „едно исто“, обвинувајќи го синдикалното раководство дека не се грижи за реалните интереси на работниците, туку служи за дневнополитички цели на опозициската партија.

— реклама —

Според ВМРО-ДПМНЕ, барањата за минимална плата од 600 евра и за покачување на платите, кои доаѓаат од ССМ, не претставуваат искрена борба за подобар животен стандард, туку политичка агенда. Како аргумент, од партијата посочуваат дека актуелното раководство на ССМ, предводено од Слободан Трендафилов, одбило предлог на Владата за системско зголемување на платите, со кое, според нив, до крајот на мандатот минималната плата би достигнала 600 евра, а платите на останатите вработени би се зголемиле и до 40 проценти.

— реклама —

Во соопштението се наведува дека одбивањето на овој предлог е мотивирано од потребата ССМ и СДС да задржат тема за дневна политика, која, како што тврдат од ВМРО-ДПМНЕ, не носи конкретна корист за работниците. Дополнително, од партијата го критикуваат и предлог-законот на СДС за минимална плата од 600 евра, оценувајќи го како популистички и неподготвен, без јасно образложение за изворите на финансирање и начинот на негова реализација.

ВМРО-ДПМНЕ потсетува дека пред две години, кога ја презела власта од СДС, затекнала, како што наведуваат, уништена економија, буџетски дефицити и институции со сериозни финансиски проблеми. Како пример ги посочуваат Македонски железници, Македонски шуми и „Македонија пат“, каде, според нив, вработените со месеци не добивале плата. Во тој период, велат од партијата, ССМ и неговото раководство не реагирале, што, според нив, дополнително ја потврдува поврзаноста меѓу ССМ и СДС.

— реклама —

Од ВМРО-ДПМНЕ ги повикуваат ССМ и неговото раководство да го прифатат и потпишат новиот колективен договор, со кој, како што тврдат, во април 2026 година вработените би добиле покачување од околу 15 проценти, при што најниското зголемување би изнесувало 3.580 денари. Според партијата, со ваква динамика и системско решение, минималната плата во јавниот сектор би достигнала 600 евра до 2028 година.

— реклама —

Во заклучокот од соопштението, ВМРО-ДПМНЕ нагласува дека не ветува „чуда“, туку, како што велат, искрен, чесен и системски пристап за постепено подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys0lb578io3ki5vgSpJt

ВМРО-ДПМНЕ најавува нов инвестициски циклус во Карпош: Градинка, спортски сали и мега-парк

Скопје | пред 1 час

— реклама —
media-library7thikieu6j2a3vq7YAJ

ВМРО-ДПМНЕ повторно го повика Филипче: Ако има докази за 37 милиони евра кај хеликоптерите, нека ги достави во Обвинителството

Македонија | пред 2 часа

media-librarytl4s1o9tc5madjcapdP

Од внатрепартиска пресметка до Обвинителството: ВМРО-ДПМНЕ бара предмет за хеликоптерите на Петровска

Македонија | пред 1 ден

media-library4mr90ecno7407VIyD4u

„Филипче уценет и исплашен, му должи на Зоран Заев, му должи и на Румен Радев па западна во специфична психолошка состојба“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања