Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Стан во Загреб за помалку од 30.000 евра – државата нуди недвижности на продажба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Балкан
media-librarypffsujuo64vi54qnO41

Хрватската држава распиша тендер за продажба на 19 недвижности во сопственост на Република Хрватска, меѓу кои станови, гаражи и деловни простори. Од понудените имоти, 18 се наоѓаат во Загреб, а еден во Сплит.

— реклама —

Најниската почетна цена е 28.800 евра за стан со површина од 16,72 квадратни метри на улицата „Отон Кучера“ во Загреб. Во истата зграда се продава и уште еден стан од 17,72 квадратни метри со почетна цена од 30.500 евра.

— реклама —

Во понудата се и шест гаражи во населбата Сигет, со површина од 11 до 13 квадратни метри, чии почетни цени се движат од 17.800 до 21.000 евра.

Меѓу останатите недвижности се издвојуваат стан од околу 32 квадратни метри на Далматинска улица со почетна цена од 105.000 евра, еднособен стан на Прилез „Ѓуро Дежелиќ“ за 94.800 евра, како и повеќе помали станови во населбите Максимир, Медведградска и Војновиќева.

— реклама —

Надвор од Загреб, на продажба е ставен и деловен простор во Сплит, на улицата Појишанска, со површина од околу 32 квадратни метри и почетна цена од 126.000 евра.

— реклама —

Од надлежните институции наведуваат дека недвижностите се со различна големина, намена и степен на уреденост, а дел од нив бараат дополнителни вложувања и адаптација. Почетните цени се утврдени врз основа на проценки изработени од овластени судски вештаци.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Hrvatska-policija

Експлозија во центарот на Загреб, во близина на музеј пронајдено тело

Балкан | пред 2 дена

— реклама —
media-library8k9qjmcsf0pn7RS263T

Нови детали за трагедијата во Хрватска: Возачот тврди дека му се слошило зад воланот, одреден му е притвор

Балкан | пред 3 дена

media-library8k9qjmcsf0pn7RS263T

Нови информации за автобуската несреќа во Хрватска: Петмина од повредените се отпуштаат на домашно лекување

Балкан | пред 3 дена

media-librarymrpi3a3cq155ej0WJ7L

Пукал со огнено оружје во Хрватска, па избегал – полицијата го уапси

Балкан | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања