Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Становите во ЕУ поскапеле за 5,1 отсто, кириите растат во речиси сите земји

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-librarypffsujuo64vi54qnO41

Цените на становите во Европската Унија продолжија да растат и во првиот квартал од 2026 година, покажуваат најновите податоци. Во споредба со истиот период лани, недвижностите поскапеле во просек за 5,1 отсто, додека цените на закупнините се зголемиле за три проценти.

— реклама —

Според достапните национални податоци, во 19 земји-членки цените на становите растеле побрзо од цените на кириите, ако се спореди првиот квартал од 2026 година со годишниот просек за 2025 година.

— реклама —

Најголемо зголемување на цените на становите е регистрирано во Португалија, каде што тие пораснале за 10,3 отсто; следуваат Бугарија со 9,4 отсто и Словачка со 9,1 отсто.

Од друга страна, пад на цените е забележан само во две земји – Франција, каде што тие се намалиле за 0,5 отсто, и Финска, со пад од 1,8 отсто.

— реклама —

Во однос на закупнините, тие пораснале речиси во сите земји од Европската Унија. Исклучок се Словенија, каде што е забележан пад од 0,9 отсто, и Финска, каде што цените останале непроменети.

— реклама —

Најголем раст на кириите е регистриран во Хрватска – дури 21,9 отсто, по што следуваат Бугарија со 6,4 отсто и Грција со пет проценти.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryv3ckm3kqf3k3aaIP3Zg

ЕУ воведе нова такса од две евра по артикл за нарачките од Тему, Шеин и Алиекспрес, еве дали ќе ги погоди и купувачите во Македонија

Свет | пред 17 часа

— реклама —
media-libraryj4dr96mqr2fl720ppdD

Канада и ЕУ подготвуваат нов сојуз за заштита од економските притисоци на САД

Свет | пред 3 дена

EU-1

Пакетот е готов, Марта Кос открива кој ќе се приклучи на ЕУ и кога

Свет | пред 3 дена

w_55031023

Калас: Путин зборува едно, а прави друго – ЕУ подготвува нови мерки против Русија

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања