„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Стануваме апсолутен рекордер во светот, досега, тоа беше Мавританија со 54 часа работна недела, вели Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
rabotnik-gradezen-

Политичката партија Левица на фејсбук објави видео со наслов „Корпоративно ропство: 60 часовна работна недела“.

— реклама —

„Најголемиот грабеж на 21-от век го спроведува Владата на Република Македонија.

Штотуку на шверцерски начин и со европско знаменце помина пакетот погубни законски измени кои државата ја потчинуваат на КОРПОРАТИВНА ДИКТАТУРА.

— реклама —

Македонските работници ќе работат 12 часа дневно, 6 дена во неделата - што значи МИНИМУМ 60 часа робување на корпоративни интереси на американски конзорциум Бехтел и Енка - кој градејќи ги коридорите 8 и 10, ќе ги истошти нашите работници и ќе ја испразни државната каса.

Со 6 664 амандмани Левица го блокираше овој пакет закони и на овој начин ќе се ставеше крај на обидите за поробување на работниците и истиснување на државните пари - но, без правна основа Владата реши да ги злоупотреби инструментите за усогласување со европската легислатива - со европско ЗНАМЕНЦЕ антицивилизациски и анти-европски.

‼️Стануваме апсолутен рекордер во светот. Досега, тоа беше Мавританија со 54 часа, по која следат Египет со 53, Гамбија со 51 и Буркина Фасо со 50 часа. Но, Владата на СДС и ДУИ воведе 12 часовно работно време, шест дена во неделата! Тоа значи дека, луѓето кои ќе работат, ќе бидат физички исцедени и ќе немаат време да ги обноват физичките капацитети за да продолжат нормално да живеат. Уставот вели дека секој работник има право на платен дневен, неделен и годишен одмор. Од овие права работниците НЕ МОЖЕ ДА СЕ ОТКАЖАТ.

Помеѓу силниот и слабиот, слободата е таа која угнетува, а законот е тој кој ослободува. Сега имаме ситуација, законот да ги поробува работниците, наместо да ги ослободува!

Левица нема да дозволи на овие грабливци и злосторници без отпор да се богатат на грбот на работниците. На борбените линии против паразитите од СДС и ДУИ нѐ обединува класниот и националниот интерес - спротиставени на нелегитимните рехабилитатори на фашизмот и острицата на корпоративната диктатура“, се вели во објавата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања