Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,13 проценти во однос на претходната одлука од 27 февруари 2026 година.
Според пресметките на Комисијата, референтните цени на светскиот пазар бележат раст кај бензините од 2,977 проценти, кај дизелот од 0,464 проценти, кај екстра лесното масло од 0,370 проценти, додека кај мазутот зголемувањето изнесува 3,965 проценти. Курсот на денарот во однос на доларот, во периодот на пресметка, е понизок за 0,1035 проценти.
Од 3 март 2026 година од 00:01 часот максималните цени ќе изнесуваат:
ЕУРОСУПЕР БС-95 – 74,50 денари за литар
ЕУРОСУПЕР БС-98 – 76,50 денари за литар
ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 71,00 денар за литар
Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) – 70,00 денари за литар
Мазут М-1 НС – 35,542 денари за килограм
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за еден денар по литар. Цените на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство остануваат непроменети. Цената на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,022 денари по килограм.
Од РКЕ напоменуваат дека станува збор за максимални цени, при што трговците на големо и мало можат да формираат и пониски цени од утврдените највисоки износи.