Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

„Што открија Орце и дронот? Четири дена молк, а Скопје е загадено“, велат од СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-librarybv9cskfmgkn11uCvVNA

СДСМ преку соопштение ја повика градската власт да ја информира јавноста за резултатите од истрагата за загадувањето на реките Лепенец и Вардар, посочувајќи дека четири дена по инцидентот сè уште нема официјални информации за причините и одговорните.

— реклама —

Од партијата потсетуваат дека градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, веднаш по појавата на белата пена во Лепенец најавил дека ќе биде спроведена истрага со употреба на дрон и дека, како што рекол, нема да има толеранција кон загадувачите.

— реклама —

„По четири дена јавноста сè уште не знае кој ги загадил Лепенец и Вардар“, наведуваат од СДСМ.

Во реакцијата, партијата упатува критики и за, како што оценува, состојбата со комуналната хигиена во главниот град, како и за најавите за набавка на нова комунална опрема и електрични автобуси.

— реклама —

Од СДСМ прашуваат дали истрагата е завршена и зошто досега не се објавени резултатите, оценувајќи дека граѓаните заслужуваат јасен одговор за случајот.

— реклама —

„Граѓаните заслужуваат одговор, а не нови ветувања“, се наведува во партиското соопштение.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 22 часа

— реклама —
media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 23 часа

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 1 ден

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

„Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот - до толку ли ја испразни Мицкоски државната каса?“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања