Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

Што планира Мециновиќ со Скопје: мора да се ослободи од политичките притисоци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Скопје
mecinovic-51346

Кандидатот за градоначалник на Скопје од редовите на Левица, Амар Мециновиќ, во гостување на Сител телевизија изјави дека главниот град мора да се развива во интерес на граѓаните, ослободен од политички притисоци.

„Над луѓето кои се креативниот потенцијал на Скопје само треба да се тргнат политичките пранги и политичкиот притисок, за да можат да дишат, да функционираат и да создаваат прилики. Тоа се приликите кои му се потребни на нашиот град,“ истакна Мециновиќ.

— реклама —

Тој најави дека во наредните два месеци ќе се работи на создавање на пошироко движење кое ќе биде повеќе од партија и повеќе од еден човек – платформа за сите граѓани кои, како што рече, се уморни од „град заложник на интересите на малкумина“.

— реклама —

Мециновиќ потсети на своето искуство како советник во Град Скопје и нагласи дека единствена константа во работењето на досегашните власти бил приватниот интерес. Како пример го посочи проблемот со јавниот превоз, за кој, според него, уште во 2022 година се укажувало, но не се решавало.

— реклама —

„Нашата поента не е да се претставиме како совршени луѓе. Напротив, сакаме да понудиме платформа на јавен интерес, со која ќе може да се поистоветат сите граѓани кои ги делат истите проблеми во скопското секојдневие,“ рече тој.

Кандидатот на Левица нагласи дека мора да престане деградирањето на услугите на Градот и го критикуваше давањето концесии за паркинзи на приватни компании, иако постои јавно претпријатие за таа цел.

Во однос на јавниот превоз, Мециновиќ оцени дека во 2025 година е недозволиво Скопје да се соочува со вакви проблеми. „Потребна е набавка на нови автобуси, алтернативни методи на јавен превоз и нов Генерален урбанистички план,“ нагласи тој.

Мециновиќ заклучи дека неговата кампања е спротивна на платформите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, кои, според него, не нудат решенија за вистинските проблеми на граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library3ubopt15lmq0dHrUBgV

Нов директор во „Лајка“: Орце Ѓорѓиевски го брани изборот, Штерјова обвинува за партизација

Скопје | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryacssdvpb4m0oeVWqaK2

Цаневска: Скопје станува „невидливо“ за инвеститорите по суспендирање на кредитниот рејтинг Б+

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryo50v32k7adh95ZJe2f8

(Фото) „Бандит“ на говорницата на Град Скопје

Македонија | пред 1 седмица

media-librarylb03orba9b188mShzls

Не заборавајте: затворен за сообраќај е потегот од Кисела Вода до Црвен Крст во центарот на Скопје

Скопје | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања