Промени тема
Контакт

Што се случило во Врапчиште: полицајците побарале граѓаните да излезат од кај градоначалникот оти го снимале, дел пружиле отпор, па биле успсени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Screenshot-2024-09-10-at-18.57.55

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека денеска (10.09.2024) во 10 часот од страна на полициски службеници од НККР Гостивар, градежен инспектор од општина Врапчиште и ангажирана геодетска фирма извршен е увид на локацијата каде се наоѓа црквата во атарот на с. Галате. Увидот е извршен по претходно отворена пријава на 09.09.2024 од страна на инспектор за урбанизам при општина Врапчиште за бесправна градба на оваа локација, а по завршување на увидот, од страна на градежниот инспектор местото е околчено со арматури и трака.

— реклама —

“Околу 15 часот од страна на лицето Д.П., во присуство на неколку граѓани, отстранета е арматурата и траката, по што групата граѓани се упатиле пред општина Врапчиште, каде се одржал мирен протест. Од страна на Д.П. и уште две лица, дел од траката е залепена преку влезната врата на општината, а по извесно време Д.П. со група од околу 10 луѓе влегува во објектот на општината, со цел да бидат примени од страна на градоначалникот Исен Шабани. По извесно време, градоначалникот се согласил да ги прими, но со услов разговорот да не се снима со приватни телефони. Групата граѓани одбиле да го направат тоа и градоначалникот побарал да го напуштат објектот. Откако не го напуштиле, градоначалникот побарал од полициските службеници да го испразнат објектот, по што од страна на полициските службеници при ПС ОН Гостивар на групата граѓани им е дадена наредба да го напуштат објектот на општината, нешто кое Д.П. и уште едно лице одбиле да го направат и пружиле активен отпор на полициските службеници. Двете лица се приведени во просториите на ПС Гостивар и по извршен службен разговор со нив и направена консултација со јавен обвинител, истите се пуштени да си одат.

— реклама —
— реклама —

МВР апелира за воздржување од било какви тензии по однос на овој настан. Било кое подгревање на меѓуетнички и меѓурелигиски тензии било на јавен простор или преку социјални медиуми ќе биде предмет на кривично-правен прогон од страна на МВР.

— реклама —

Македонското општество е засновано на меѓусебна почит и толеранција, а нашите темелни уставни вредности се гарант дека никој нема право да ги користи верските прашања во дневно-политички цели. МВР во текот на утрешниот ден ќе направи средби со сите чинители кои можат да придонесат за расчистување на овој настан”, велат од МВР

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library1h11163sfc1i4wdDVG5

Шест лица пријавени за фалсификување возачки дозволи, вработената во МВР незаконски додавала категории

Македонија | пред 1 час

— реклама —
media-libraryiddqb4i8th916OUjGtF

(Видео) По бркотницата со полицијата, фатен дрвокрадецот во Куманово: превезувал огревни дрва без документација

Македонија | пред 1 час

media-libraryv6ei2si0hg9n1VlSshW

Девет возачи уапсени, еден возел со 175 километри на час на делница со ограничување од 80

Македонија | пред 2 часа

pari-evra-policija

Дал 3.000 евра аванс за стока, но ниту ја добил ниту му ги вратиле парите

Македонија | пред 3 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања