Промени тема
Контакт

Стоилковски: ЈО наводно истражува заговор, власта и директорите на Хирургија се договараат!?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

,,Сведочиме за последните политички „купи ден-продај“ зафати на СДС-ДУИ!

Километарски редици за чекање операции, хирургија е во колапс, а мора да се потпреме на среќа или на Небото да не се случи поголема трагедија, затоа што ќе нема каде да се примат пациенти.

За жал се потврди дека од петок до денеска вторник ништо нема да биде преземено на Хирургија.

— реклама —

Но затоа - дознавме дека на СДС-ДУИ поважни им се партиските функции.

- Дознавме дека Заеднички служби зависат од Клиниките, ама дури и од Заеднички служби се јавија во јавност само 12-те директори на Хирургија се сокриени.

— реклама —

- Дознавме дека Владата, оние од СДС-ДУИ воопшто не им е грижа за тоа што се случува, и нема став за Хирургија. Нема ниту одговор дали санацијата би чинела само 120.000 евра?

- И секако, дознавме дека додека трае процес на ЈО за Хирургија, заменик министерката Маја Манолева се среќавала со сите директори на Хирургија!? Уште еднаш ќе повторам - ЈО наводно испитува дали има заговор во Хирургија, а сите директори и власта си прават средби и се договараат!?

Внимавајте, 20 дена ниту еден директор од 12 на Хирургија не излезе со став или осуда, ама затоа се здружени со заменик министерот Манолева, која што е и втор човек во Лекарската комора во исто време!?

— реклама —

Па треба да веруваме дека збореле дека ќе отпочнат со работа кога ќе има услови, а не и можеби за ветување заштита за 12-те директори заради колапсот на Хирургија?

Ова е фотографија од ФБ страницата на Манолева, заменик министерката за здравство од 22 мај 2024 година, една недела по хаосот на Хирургија. Таа во Кабинет заедно со министерот си прославуваат со торти додека цела Хирургија тоне. Толку од грижата на Манолева.

— реклама —

За жал 20-тина дена абер нема од санација на Хирургија, се заради негрижа, ама целосна негрижа на двоецот СДС-ДУИ, за ништо друго, освен за лични интереси и партиски функции.

Кабелот повеќе не може да е виновен! Ако санацијата би вредела 120.000 евра, ако за 120.000 евра 20 дена здравството е во колапс, некој дебело ќе одговара.

Одговорност ќе има, колку и да се групираат и регрупираат!”, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

„Ниту ПИОМ е пред колапс, ниту пензиите се во ризик, единствено СДС е загрозен од опстанок на политичката сцена“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 час

— реклама —
media-library4bbjdtshi0s6eoAlzGm

ВМРО-ДПМНЕ: Талогот Жерновски како папагал со предавничките политики на Филипче, им смета дека Фон дер Лајен ги пофали реформите и дека Владата работи на подобри позиции

Македонија | пред 1 час

media-librarys0lb578io3ki5vgSpJt

ВМРО-ДПМНЕ најавува нов инвестициски циклус во Карпош: Градинка, спортски сали и мега-парк

Скопје | пред 2 дена

media-library7thikieu6j2a3vq7YAJ

ВМРО-ДПМНЕ повторно го повика Филипче: Ако има докази за 37 милиони евра кај хеликоптерите, нека ги достави во Обвинителството

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања