Промени тема
Контакт

Стоилковски: Министерот Демири на СДС/ДУИ ниту чувствува, ниту бара одговорност, ниту пак има појма што се случува на Хирургија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
IMG_4154

,,10 дена цела држава, цела Македонија се прашуваше што се случува со Хирургија, министерот на СДС/ДУИ Илир Демири денеска конечно излезе од скривалиштето за да каже дека едноставно - не знае што е проблемот којшто го сведе само на лоша миризба.

Ниту побара одговорност од раководството, ниту од заедничките општи служби, ниту лично тој не понесе одговорност за неспособноста!

— реклама —

Едноставно откри дека никој од менаџерите не чувствувал одговорност за состојбите во Хирургија!

10 дена воздухот не бил компромитиран само имал лоша миризба, 10 дена нема операции, салите се затворени, а министерот излегува во јавност без трошка срам затоа што нема одговор.

— реклама —

Чувствувањето на мирис, пријатен или непријатен, е субјективно чувство, а според Демири, анализите покажале некомпромитиран воздух, додека пак операции не се вршат 10 дена. А, по 10 дена нема одговор и не чувствувал вина ниту тој, ниту ннеговите директори, затоа како што вели кусо време бил министер?

Ова почитувани е израз на самоволие, за кое што мора да има одговорност. Хирургија, Клинички, столбот на македонското здравство го рушат во темел, а Илир Демири нема појма што се случува.

— реклама —

Но затоа, Илир Демири е доволно министер на СДС/ДУИ за да ги брани директорите и на Хирургија, и на Токсикологија, и да држи политички говори со обвинувања кон ВМРО-ДПМНЕ за болницата во Лешок.

Почитувани,

— реклама —

Ова е вистинското лице на Илир Демири, но и вистинското лице на СДС/ ДУИ.

Одговорност мора да има и ќе има и лична, и морална и политичка!”, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

„Ниту ПИОМ е пред колапс, ниту пензиите се во ризик, единствено СДС е загрозен од опстанок на политичката сцена“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 41 минута

— реклама —
media-library4bbjdtshi0s6eoAlzGm

ВМРО-ДПМНЕ: Талогот Жерновски како папагал со предавничките политики на Филипче, им смета дека Фон дер Лајен ги пофали реформите и дека Владата работи на подобри позиции

Македонија | пред 47 минути

media-librarys0lb578io3ki5vgSpJt

ВМРО-ДПМНЕ најавува нов инвестициски циклус во Карпош: Градинка, спортски сали и мега-парк

Скопје | пред 2 дена

media-library7thikieu6j2a3vq7YAJ

ВМРО-ДПМНЕ повторно го повика Филипче: Ако има докази за 37 милиони евра кај хеликоптерите, нека ги достави во Обвинителството

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања