Промени тема
Контакт

Стоилковски: Во неполни 20 дена Филев директор на ЦСР Радовиш, два пати е апсен, сега пијан нападнал полицајци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

,,Директорот на ЦСР од Радовиш, Александар Филев кој што е од СДС, и којшто пред 20 дена во Штип беше уапсен заради трговија со дрога, на 8 март бил уапсен заради алкохолизам и насилство врз полицајци среде полициска станица.

Според полициски извори, на 8 март во 19.45 во полицијата во Радовиш е приведен Александар Филев, директор на ЦСР Радовиш, видно алкохолизиран, заради нарушување на јавен ред и мир, а во полициската станица се заканувал на двајца полицајци и кон нивните семејства, па е лишен од слобода заради дело Загрозување на сигурност по член 144 став 3 од КЗ.

Истиот дирекот на ЦСР Радовиш, истиот Филев од Радовиш, пред само 20 дена во Штип беше уапсен од полиција за недозволена трговија со дрога, а кај него била најдена опојна дрога.

Почитувани Александар Филев е директор на ЦСР од декември 2023-та година, по избор на Јована Тренчевска функционер од СДС и по избор на СДС чијшто член и поддржувач е Филев.

— реклама —

Ова е втор тежок инцидент на Филев, Директор на ЦСР Радовиш за два месеци. Во неполни 20 дена, Александар Филев директор од СДС, е апсен, прво заради дрога, втор пат алкохолизиран и нападнал полицајци среде полициска станица.

— реклама —

Ова е срамно. Едно е дали СДС има потреба од ликови како Филев со кои можеби сака да врши изборен поткуп и злоупотреба на ЦСР, но ЦСР е пресериозна институција и со неа да раководи човек апсен со дрога или алкохолизиран насилник, па дури и да е од СДС и во предизборен период.

Оттука, во интерес на зачувување на дигнитетот на Центрите за СР, во интерес на лицата коишто користат услуги на ЦСР, но и во интерес на Македонија, го повикуваме Министерството за труд и социјални работи, под итно да преземе соодветни мерки и да го разреши и отстрани Александар Филев од ЦСР Радовиш до расчистување на случаите.

— реклама —

Ниеден процес како Техничка влада или изборни правила не смее да е над правата на корисниците на услугите на Ц-те за СР, но и вработените во ЦСР, да бидат водени и одлуки за нив да носи лице со проблеми со зависности од дрога и алкохол како што е можно да е Александар Филев од СДС Радовиш.

Никогаш не било полошо, време е за промена", вели Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryahomartd0jn5cfpdRzU

„Филипче со потсмев ја поздрави „одлуката’’ на Абази, да му се затвори предметот во кој живи изгореа 14 лица “, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 8 часа

media-library58o0pptggnvpf5JpTKc

„СДС е единствената опозициска партија во историјата на политиката која не бара избори бидејќи е свесна дека ќе ги изгуби“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 12 часа

media-library4bbjdtshi0s6eoAlzGm

ВМРО-ДПМНЕ: Ислам Абази го затвори предметот за модуларните болници и го спаси Венко Филипче, откако обинителките од поранешно СЈО со години го чуваа во фиока

Македонија | пред 13 часа

media-library2smpij98ggah1TyE50Y

Томовски: Институциите постапија веднаш, на граѓаните на Гостивар им беше обезбедена питка вода во континуитет

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања