Промени тема
Контакт

Стојаноска: Во 2026 ќе се потрудиме да обезбедиме подобри патишта, поопремени болници и училишта, и покрај долговите од СДСМ и ДУИ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
dafina

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, на седницата на собраниската комисија за Предлог-буџетот за 2026 година, изјави дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со домаќинско управување и дека ќе обезбеди „реални приходи и стабилен раст“, без зголемување на даноците и без нови, вонредни давачки за граѓаните.

„Владата на ВМРО-ДПМНЕ не ги покачи даноците, туку само ја подобри нивната наплата. Нема привилегирани фирми и селектирани должници. Сите се еднакви пред законите, а истите тие закони важат за сите“, рече Стојаноска.

— реклама —

Таа посочи дека Владата истовремено ги зголемува платите, пензиите и инвестициите, додека го намалува јавниот долг и буџетскиот дефицит.

„За разлика од претходната власт, нема еднократни приходи, нема вонредни такси. Финансираме домашни капитални проекти и враќаме стари долгови“, истакна таа.

— реклама —

Според Стојаноска, новиот буџет не ветува „чуда“, но нуди реалност и стабилност.

„Со овој буџет не ветуваме невозможни работи, туку реални приходи, солидни капитални инвестиции, постепен, но сигурен раст на платите и пензиите, како и континуирана поддршка за сите општини подеднакво“, рече пратеничката.

Таа остро ги критикуваше претходните влади предводени од СДСМ и ДУИ, наведувајќи дека зад себе оставиле „само долгови и никакви капитални дела“.

— реклама —

„Не знам каква школа за економија имаат учено тие, ама видовме дека ништо не создадоа – ни километар автопат, ни нова болница, ни инвестиција што ќе ја паметиме“, изјави Стојаноска.

Таа нагласи дека во 2026 година Владата ќе се фокусира на подобрување на инфраструктурата и јавните услуги.

— реклама —

„Ќе се потрудиме да обезбедиме подобри патишта, повеќе локални проекти, поопремени здравствени установи, подобри училишта и факултети, побезбедни градови и почиста животна средина“, рече таа, додавајќи дека целта е да се врати надежта кај граѓаните и младите да останат во земјата.

„Ние сме генерацијата која мора да се жртвува за да биде подобро. Која мора да работи чесно и посветено, за да испорача резултати“, заклучи Стојаноска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarytl4s1o9tc5madjcapdP

Од внатрепартиска пресметка до Обвинителството: ВМРО-ДПМНЕ бара предмет за хеликоптерите на Петровска

Македонија | пред 14 часа

— реклама —
media-library4mr90ecno7407VIyD4u

„Филипче уценет и исплашен, му должи на Зоран Заев, му должи и на Румен Радев па западна во специфична психолошка состојба“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 ден

krasimir-karakachanov-960x540

ВМРО-ДПМНЕ до Каракачанов: Поканата за Самоил посоодветно е да им ја испратите на Заев и Филипче

Македонија | пред 3 дена

media-libraryk9bg46ospo8339z0mxX

„На Филипче пак цел свет му е крив, никако да сфати дека СДС се распаѓа поради него“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања