Промени тема
Контакт

Стојаноски: „Безбеден град“ носи резултати, бројот на жртви и прекршоци е значително намален

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
media-library8a44hhthq0pn3VV5H13

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, изјави дека бројките недвосмислено покажуваат оти проектот „Безбеден град“ придонесува за поголема безбедност на граѓаните во сообраќајот, оценувајќи дека одбивањето на СДС и на Венко Филипче да го поддржат проектот е уште еден доказ за нивниот, како што рече, деструктивен политички пристап.

— реклама —

Стојаноски информираше дека денеска пред пратениците е последниот законски акт неопходен за од 1 февруари официјално да започне функционирањето на системот „Безбеден град“. Станува збор за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за прекршоците, со кој се овозможува примена на современи технологии за детектирање сообраќајни прекршоци преку технички средства и уреди за снимање, како алатка за брзо и ефикасно санкционирање.

Според него, „Безбеден град“ е проект зад кој застанале сите релевантни политички фактори, а поддршката била потврдена и на лидерската средба иницирана од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Сепак, како што нагласи Стојаноски, СДС и Венко Филипче одлучиле да не го поддржат проектот и потребните законски решенија, со што, според него, покажале дека не се заинтересирани ниту за иницијативи кои директно ја зголемуваат безбедноста на граѓаните.

— реклама —

Стојаноски се повика и на податоците од Министерството за внатрешни работи, според кои системот веќе покажува конкретни резултати. Како илустрација, тој наведе дека првиот ден од тест-периодот, на 1 декември, камерите во Скопје регистрирале околу 110.000 сообраќајни прекршоци, од кои 90 проценти биле за пречекорување на брзината. Веќе наредниот ден, на 2 декември, бројот на регистрирани прекршоци се намалил на 50.652.

— реклама —

Дополнително, Стојаноски истакна дека во првите осум месеци од 2025 година во сообраќајни несреќи во државата загинале 91 лице, односно во просек по 11,3 лица месечно, додека во текот на 2024 година бројот на жртви изнесувал 142 лица, или просечно 11,8 месечно.

Според најновите информации од МВР, бројот на смртни случаи во сообраќајот е намален од просечни 11 на само два случаи во периодот декември 2025 и јануари 2026 година, додека бројот на повредени како последица на непочитување на сообраќајните правила, во споредба со претходните периоди, е намален за 35 проценти.

— реклама —

„Граѓаните со овој проект се реално заштитени на улиците, а СДС, со одбивањето да ги поддржи ваквите решенија, останува да тоне во сопствените деструктивни политики“, порача Стојаноски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarytl4s1o9tc5madjcapdP

Од внатрепартиска пресметка до Обвинителството: ВМРО-ДПМНЕ бара предмет за хеликоптерите на Петровска

Македонија | пред 23 часа

— реклама —
media-library4mr90ecno7407VIyD4u

„Филипче уценет и исплашен, му должи на Зоран Заев, му должи и на Румен Радев па западна во специфична психолошка состојба“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 ден

krasimir-karakachanov-960x540

ВМРО-ДПМНЕ до Каракачанов: Поканата за Самоил посоодветно е да им ја испратите на Заев и Филипче

Македонија | пред 3 дена

media-libraryk9bg46ospo8339z0mxX

„На Филипче пак цел свет му е крив, никако да сфати дека СДС се распаѓа поради него“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања