Промени тема
Контакт

Стојаноски: Распуштање на Советите на судии и јавни обвинители мора да има, двајца членови фатени во поткуп, а друг судија го пушти во домашен притвор Блерим Рамадани за да избега

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
stojanoski

,,Распуштање на Советите на судии и јавни обвинители мора да има, двајца членови фатени во поткуп, а друг судија го пушти во домашен притвор Блерим Рамадани за да избега.

— реклама —

Наќе Георгиев и Иџет Мемети, од кои едниот беше член на Судскиот совет, а другиот заменик претседател на Советот на јавни обвинители не се единствените кои треба да одговараат. Тие го земалe поткупот и извршиле притисок, а по нивиот притисок постапиле и други судии и обвинители.

— реклама —

Одговорност и разрешување мора да има и за судијата и обвинителот во случајот со Боро Марлборо, тие не се достојни да ја извршуваат функцијата, а институциите да откријат дали и кај нив завршиле дел од парите.

Целиот систем е трул. Одговорност мора да има и за Пајазит Пајазити кој прифати Иџет Мемети да помине со условна казна, иако признал дека земал мито и влијаел на судски одлуки. Што требал Мемети повеќе да направи за да добие затворска казна?

— реклама —

Истиот тој Пајазит Пајазити е судијата кој го пушти во куќен притвор Блерим Рамадани за да може да избега.

— реклама —

Очигледна е спрегата и корумпираноста на Наќе Георгиев, Иџет Мемети и Пајазит Пајазити, но и сите луѓе кои тие ги назначувале, а се судии и обвинители. Затоа е потребно целосно распуштање на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители. Ако остане вака народот целосно ќе ја изгуби довербата во судскиот систем.", вели Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

„Ниту ПИОМ е пред колапс, ниту пензиите се во ризик, единствено СДС е загрозен од опстанок на политичката сцена“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 4 часа

— реклама —
media-library4bbjdtshi0s6eoAlzGm

ВМРО-ДПМНЕ: Талогот Жерновски како папагал со предавничките политики на Филипче, им смета дека Фон дер Лајен ги пофали реформите и дека Владата работи на подобри позиции

Македонија | пред 4 часа

media-librarys0lb578io3ki5vgSpJt

ВМРО-ДПМНЕ најавува нов инвестициски циклус во Карпош: Градинка, спортски сали и мега-парк

Скопје | пред 2 дена

media-library7thikieu6j2a3vq7YAJ

ВМРО-ДПМНЕ повторно го повика Филипче: Ако има докази за 37 милиони евра кај хеликоптерите, нека ги достави во Обвинителството

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања