Промени тема
Контакт

Стојанов најавува бугарска политичка партија во Македонија: „Ќе ја финансираме со продажба на брендирани производи“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
viktorstojanov

Контроверзниот Виктор Стојанов најавува дека преку продажба на капи, чаши за кафе и блузони, брендирани со неговата бугарска фондација наречена „Македонија“, ќе ја финансира мрежата од медиуми во Македонија, за кои, како што вели самиот Стојанов, потребни се минимум 3.000 евра месечно. Притоа, тој порачува дека крајната цел е формирање на политичка партија на Бугарите во земјава, која ќе настапи на следните парламентарни избори, чиј редовен термин е во 2028 година, пишува „Фокус“.

— реклама —

Во видеообраќање, Стојанов деновиве рече дека веќе во продажба се маици со логото на Фондацијата од 20 евра, додека во следниот период ќе бидат пуштени во продажба и зимски блузи од 25 евра, порцелански чаши за кафе и чај од 6 евра, како и капи, за да се финансираат активностите во Македонија, чија конечна цел е формирање на политичка партија која, според него, ќе освои пратенички места и ќе има министри.

— реклама —
— реклама —

Имаме многу медиуми во С.Македонија, сакаме уште, сакаме да им помогнеме на Бугарите таму да создадат своја силна политичка партија. Тоа е нашата стара цел од 2021, но немаме напредок во реализацијата поради бизнис-елитата во Македонија, а без бизнис и капитал тешко се прави партија. Но, сега имаме идеја како да ја реализираме партијата без бизнис, целта е да се учествува на следните парламентарни избори во Македонија – вели Стојанов.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

viktorstojanov

Виктор Стојанов е бугарскиот активист осомничен за ширење омраза кон Македонија и Македонците

Македонија | пред 6 месеци

— реклама —
viktorstojanov

Димоски за Стојанов: Овој третокласен бугарски агент, се расфрла со пари во обид да купи се што е македонско, но добива корпа

Коментари | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања