Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Стотици приватни разговори со Claude станаа јавно достапни на интернет

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 дена -

Свет
media-libraryhuo1qjggabab6pBGW96
unsplash

Стотици приватни разговори на корисници со вештачко-интелигентниот четбот Claude, развиен од компанијата Anthropic, станаа јавно достапни преку интернет-пребарувачите, објави Би-Би-Си.

Според извештајот, Google и други пребарувачи индексирале разговори за кои корисниците ја активирале опцијата за споделување. Иако Claude предупредува дека содржината може да ја види секој што ја има врската, не било јасно наведено дека таа може да се појави и во резултатите од интернет-пребарувањата.

— реклама —

Anthropic, во меѓувреме, ја оневозможи индексацијата на овие разговори, но дел од нив веќе биле архивирани и продолжуваат да циркулираат на интернет.

Во јавно достапните разговори биле откриени лични и деловни информации, вклучувајќи биографии со имиња и контакт-податоци, приватни преписки, корпоративни документи и нацрт-проекти, меѓу кои и материјали поврзани со здравствениот сектор.

— реклама —

Од Anthropic истакнаа дека корисниците сами одлучуваат дали ќе ги споделат своите разговори и дека секоја содржина што ќе стане јавна може да биде архивирана од трети страни. Од Google, пак, посочија дека сопствениците на веб-страниците имаат алатки со кои сами одлучуваат дали нивната содржина ќе биде индексирана.

— реклама —

Ова не е прв ваков случај во индустријата. Минатата година OpenAI се соочи со сличен проблем, кога дел од разговорите со ChatGPT станаа достапни преку пребарувачите, а сличен безбедносен пропуст беше забележан и кај четботот Grok.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryu6nv669lvkjsej9ewVF

Грок под лупа: xAI ја загуби првата судска битка околу содржините направени со вештачка интелигенција

Магазин | пред 4 часа

media-library0rfbqrnbtqfd0VGviR5

Повеќето компании во Европа користат вештачка интелигенција

Свет | пред 5 дена

media-library7bijtf8e2q5p22ZU2Te

Дали љубезноста носи подобри одговори од вештачката интелигенција? Еве што покажуваат истражувањата

Магазин | пред 1 седмица

media-library1v9vvctar8eo08lL2NJ

Големи промени на ChatGPT: GPT-4.5 и o3 се повлекуваат

Магазин | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања