Промени тема
Контакт

​​​​​Странска приватна компанија ќе профитира од лекувањето на македонски граѓани во македонски државни клиники, вели Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-50-9970PM

„Додека македонските граѓани се борат со ниски плати, високи животни трошоци и проблеми во здравствениот систем, Владата решава да ја предаде контролата врз витално важен јавен простор на приватен инвеститор од Албанија. Според оваа срамна и скандалозна одлука, македонските граѓани се принудени на странско приватно лице да му плаќаат пристап до македонски државен здравствен клинички центар. Накратко, албанска приватна фирма со коруптивни скандали, ќе изнајмува македонски простор во македонски клинички центар на македонски граѓани - за личен профит. И тоа им е овозможено од македонската Влада“, вели Левица и додава:

Ова не е само прашање на паркинг простор; ова е прашање на суверенитет и способноста на државата да управува со сопствените ресурси. Овој паркинг не е обичен комерцијален простор – тој е од клучно значење за пациентите, нивните семејства и медицинскиот персонал. Наместо да се најде одржливо, системско решение кое ќе биде во корист на граѓаните, се оди кон долгорочна концесија што може да ја доведе во прашање пристапноста и ценовната политика на овој простор.

— реклама —

Јасно е дека оваа одлука не е во интерес на граѓаните, туку во интерес на бизнис-елитите кои повторно гледаат можност за профит на грбот на оние граѓани на кои им е потребна медицинска помош. Загрижувачки е што вакви стратешки јавни услуги сè почесто завршуваат во рацете на приватни компании, и тоа странски, што создава ризик од потенцијална финансиска оптовареност за граѓаните. Ваквите одлуки мора да се преиспитаат бидејќи Клиничкиот центар треба да остане простор каде приоритет се здравствените услуги, а не профитните интереси.

— реклама —

Левица ги нуди следните предлог-решенија:

• Враќање на паркингот под државна контрола – Паркингот треба да го стопанисува јавно претпријатие, кое ќе обезбеди фер и транспарентна употреба на паркинг-просторот,

— реклама —

• Контрола на паркингот за да се спречи злоупотреба – Да се воведе електронска регистрација за пациенти и здравствени работници, со што ќе се спречи користење на паркингот за лични потреби од луѓе кои не се посетители на Клиничкиот центар,

— реклама —

• Разумни цени – Наместо да им се дозволи на приватните компании да воведуваат астрономски цени, паркингот треба да биде достапен и пристапен за сите пациенти, а приходите да се реинвестираат во здравствениот сектор.

Клиничкиот центар е место каде здравјето е приоритет, и затоа е неопходно да се осигура дека сите граѓани имаат еднаков и фер пристап до потребните услуги, без дополнителен финансиски товар во корист на приватни лица со желба и амбиција за лесен профит.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3ft7rc4dl6t51mNsGBk

Левица предлага нова државна служба: Војниците над 45 години да ја чуваат критичната инфраструктура

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
pratenici-sobranie-levica

Левица застана зад жителите на Шупли Камен: Стоп за вадењето песок од Пчиња

Македонија | пред 1 ден

media-librarycq2hp0esfe8p6RRsRKO

Левица: „Фон дер Лајен го деблокира процесот, а Мицкоски кима со главата“

Македонија | пред 1 ден

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Левица: Струјата е „евтина“ само на хартија, но најмногу тежи на џебот на народот - Левица бара реформа на тарифниот систем

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања