Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО ОД ОХРИД: Антонија Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков, музика,смеа,подароци
ВО ЖИВО ОД ОХРИД: Антонија Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков, музика,смеа,подароци

Страшна несреќа во Чешка: Судар на товарен и патнички воз, има мртви и повредени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет
nesrekja

Најмалку четири лица загинаа, а 23 се повредени, од кои тројца потешко, во судир на патнички и товарен воз во градот Пардубице во Чешка, соопштија денеска официјални лица.

Чешкиот министер за внатрешни работи Вит Ракусан изјави дека несреќата се случила доцна во средата околу 23 часот во градот Пардубице, на околу 100 километри од Прага и дека никој од повредените не е во животна опасност, пренесе АП.

Машиновозачите на двата воза преживеале, јави чешката агенција ЦТК.

Чешката телевизија објави и дека товарниот воз превезувал калциум карбид, но дека истекувањето не дошло бидејќи првите два вагона биле празни.

— реклама —

Чешкиот министер за транспорт Мартин Купка изјави дека главната линија меѓу Прага и источниот дел на земјата ќе биде затворена додека властите ги испитаат причините за судирот.

Купка истакна дека се уште не е позната причината за судирот на возот.

— реклама —

Државната компанија „Чешки железници“ соопшти дека пругата најверојатно ќе остане затворена цел ден „поради размерите на несреќата“.

Спасувачите соопштија дека повеќе од 300 патници биле во брзиот воз кој летал за градот Кошице во источна Словачка.

— реклама —

Коридорот во Пардубице каде што се судрија возовите е од витално значење за „Чешки железници“.

Чешкиот премиер Петр Фијала изјави дека тоа е голема трагедија и изрази сочувство до семејствата на жртвите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryuq0p554n9dme6Q8nD2w

(Видео) Нови детали: Камионџија од Струмица загина во страшната несреќа кај Славонски Брод

Свет | пред 2 месеци

media-libraryuq0p554n9dme6Q8nD2w

(Видео) Македонец загина во тешка несреќа на автопат во Хрватска - излетал од патот и при удар во улично осветлување избувнал пожар

Свет | пред 2 месеци

media-library2eqem0o1p4v229kH8bW

Трагедија кај Кванташки пазар: Возач почина зад волан

Скопје | пред 2 месеци

skele

Сè повеќе несреќи на работните места: 132 случаи и 31 смртен исход во 2025 година

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања