Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Страшна трагедија во Србија: Воз удри во автомобил, загинаа мајка и тригодишно дете

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Балкан
media-librarybpmgfi142vki4tUG1fX
Илустрација / Скопје1

Тешка сообраќајна несреќа на железнички премин меѓу Лалиќ и Оџаци во Србија однесе два човечки животи, откако патнички воз удрил во автомобил во кој се превезувале 27-годишна жена и нејзиниот тригодишен син.

— реклама —

Мајката и детето починале на местото на несреќата, а според првичните информации, возилото било целосно уништено од силниот удар.

— реклама —

Според неофицијални сознанија, во моментот кога автомобилот се приближувал до преминот, полубраниците биле спуштени. Се претпоставува дека возачката се обидела да ги заобиколи и да ја премине железничката пруга непосредно пред минувањето на возот.

Од силината на судирот, возот го оттуркал и влечел автомобилот околу 200 метри по шините пред конечно да запре.

— реклама —

На местото веднаш пристигнале полициски екипи, Итната медицинска помош и пожарникари-спасувачи, кои со специјална опрема го извлекле уништеното возило.

— реклама —

Надлежните служби извршиле увид, а истрагата треба да ги утврди сите околности и точната причина за несреќата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarya5t804gei9endSRDlmd

Истрагата за „звучниот топ“ во Србија била само формална, на оштетените им било оневозможено правото на жалба

Балкан | пред 17 часа

— реклама —
media-library9r80j55i9ibj73rSjgf

РЕМ му забрани на Информер да емитува утринска информативна програма седум дена

Свет | пред 2 дена

media-library7f5e8qmn8ij423xF0pr

Цистерна со цемент излетала од патот кај Белград, двајца повредени

Балкан | пред 2 дена

brnabikj

По станот во Белград, шефот на кабинетот на Брнабиќ купил и луксузен имот во Тиват

Балкан | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања