Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Струјата во Македонија поскапа отколку во Црна Гора и БиХ, покажуваат податоците на Евростат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 20 минути -

Македонија
struja-2

Домаќинствата во Македонија плаќаат 11,6 евроценти за 100 киловат-часови електрична енергија, со што земјава е меѓу државите со највисоки цени на Западен Балкан, покажуваат најновите податоци на Евростат за првата половина од 2026 година.

— реклама —

Според статистиката, најскапа струја во регионот имаат Србија и Албанија, каде што цената изнесува по 11,9 евроценти за 100 киловат-часови. Македонија е веднаш зад нив, додека во Црна Гора цената е 10,3, а во Босна и Херцеговина 9,9 евроценти.

— реклама —

Во првите шест месеци од 2026 година цените на електричната енергија во земјите од Западен Балкан останале речиси непроменети, со незначителни зголемувања.

— реклама —

Полугодишниот извештај на Евростат ги опфаќа домаќинствата со годишна потрошувачка од 2.500 до 4.999 киловат-часови. Покрај номиналните цени во евра, агенцијата ги споредува и трошоците според стандардот на куповна моќ, показател што ги зема предвид разликите во реалната куповна моќ на граѓаните.

— реклама —

На европско ниво, најголем раст на цените изразени во националните валути е забележан во Романија, додека најголемо намалување имало во Данска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

struja-1

Денес без струја делови од Кисела Вода, Гази Баба и Чаир

Скопје | пред 35 минути

— реклама —
57198750_1221860291320745_1441311623477198848_o

Овие делови од Скопје ќе бидат без струја: Проверете дали сте на списокот

Скопје | пред 1 ден

close-up-burning-lamp-dark-copy-space

Дел од Скопје денеска без струја: Прекини во Гази Баба и Илинден

Скопје | пред 2 дена

burning-lamp-hangs-dark-blurred-background

Делови од Маџари денеска без струја

Скопје | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања