Кинески студент е осуден на 11 години и три месеци затвор во Минхен, откако судот го прогласил виновен за повеќекратни сексуални напади и два обиди за убиство.
Според пресудата, станува збор за 28-годишен студент од Кина кој во период од неколку месеци ја дрогирал и сексуално ја злоупотребувал својата сосетка во Германија. Судот утврдил дека делата биле извршувани помеѓу февруари и декември 2024 година, при што жртвата повеќепати била изложена на опасни дози седативи и анестетици.
Судските власти во Минхен го опишале случајот како исклучително тежок и наведуваат дека обвинетиот бил член на група на Телеграм во која мажи организирале и разменувале содржини поврзани со сексуални напади.
Судијата во образложението на пресудата навел дека станува збор за „монструозни дела“, нагласувајќи дека случајот отвора сериозни правни и етички прашања.