Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Студентите бараат 200 денари за оброк, Јаневска вели дека максимумот е 147 денари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library8m1tpsuvdbmudDa08zk

Платформата „Студентарија“ очекува Министерството за образование да ги прифати барањата на студентите за зголемување на надоместокот за студентски оброк, субвенционирање на меѓуградскиот превоз и подобрување на условите во студентските домови.

— реклама —

Студентските организации бараат субвенцијата за студентскиот оброк да се зголеми од сегашните 140 на 200 денари, како и да се обезбеди попуст на билетите за меѓуградски превоз.

— реклама —

Од „Студентарија“ посочуваат дека и годинава се појавиле проблеми со остварувањето на правото на субвенциониран студентски оброк. Ангела Василевска, претседателка на Универзитетското студентско собрание на УКИМ, вели дека дел од студентите биле одбиени бидејќи студентските служби навреме не ги испратиле списоците на редовни студенти до Министерството за образование.

— реклама —

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, изјави дека е запознаена со студентските проблеми и дека ќе се разгледа што може да се направи.

— реклама —

„Пресметката сега кажува дека според стапката на инфлација студентскиот оброк треба да се зголеми само за седум денари. Значи тој би бил 147 денари. Иницијативата за зголемување на сумата е стигната до МОН. Ние веќе почнавме да размислуваме за промена на методологијата“, изјави Јаневска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library4r1970ecvqeg8zePiFv

Студентите поднесоа тужба за субвенционираниот оброк, Јаневска вели дека се водат преговори за нов модел

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library5j49gda5if703D2sNtj

Македонските студенти: Победата во Србија покажа дека младите можат да влијаат врз промените

Македонија | пред 2 седмици

media-library0qjt4phj82nl5jIvL31

(Видео) И вечерва се слави во Белград на Славија, без политички говори, но со диџеи и огномет

Свет | пред 2 седмици

menza-studentski-dom-1

Студентите повторно можат да аплицираат за субвенциониран оброк

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања