Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Студентите бараат субвенции за поскапиот меѓуградски превоз, Јаневска: Ќе видиме што можеме да направиме

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-librarysdjfu8psmbjgdNFlc6y

Со поскапувањето на меѓуградскиот автобуски превоз, дополнителен финансиски товар се создава за студентите кои студираат надвор од местото на живеење. За оние кои патуваат на релациите Тетово-Скопје или Куманово-Скопје, месечните трошоци за превоз може да достигнат околу 6.000 денари.

— реклама —

Студентските организации реагираат на зголемените цени и бараат меѓуградскиот превоз да биде субвенциониран за студентите кои студираат во друг град.

— реклама —

Министерката за образование, Весна Јаневска, вели дека до Министерството досега не стигнала иницијатива од студентите за ова прашање.

„Како и сите други иницијативи, така и оваа ќе биде разгледана и ќе им биде одговорено во рамките на нашите буџетски можности“, изјави Јаневска.

— реклама —

На прашањето дали е предвидено воведување субвенција за меѓуградскиот превоз, министерката посочи дека најпрво треба официјално да биде доставена иницијативата.

— реклама —

„Јас мислам дека бев сосема јасна, ќе ја разгледаме иницијативата, ќе одговориме во рамките на нашите буџетски можности. Не можам иницијатива која не стигнала да ја предвидувам, ќе видиме што можеме да направиме“, рече Јаневска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8m1tpsuvdbmudDa08zk

Јаневска најави унапредување на наставните содржини за сообраќајна безбедност

Македонија | пред 6 дена

— реклама —
media-librarycpa3j57gcvba0zXaU6X

Јаневска во Брисел: ја стимулиравме националната научно-истражувачка дејност, сега работиме на регионално и глобално поврзување

Македонија | пред 2 седмици

media-librarymgffmrvd0u22cuI6mbq

Јаневска: со двојно зголемен буџет во период од две години, значително ја раздвиживме науката во Македонија

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryfuub7mn852re5dEEosT

Јаневска им посака добредојде на бруцошите на УКИМ: „Вие сте идните професионалци, иноватори и лидери“

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања