Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Студентите контра Вучиќ: „Ја нема таа кражба што ќе го спаси, избори за него сега значат политички крај“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Балкан
media-library6jkpnrge860hdvDDhB3

Студентите од Електротехничкиот факултет во Белград остро реагираа на изјавите на српскиот претседател Александар Вучиќ, кој тврдеше дека актуелните анкети покажуваат сигурна победа на владејачката партија на евентуални предвремени парламентарни избори.

— реклама —

Во својата реакција, студентите порачуваат дека реалната слика на терен е поинаква и дека, како што велат, „нема таа кражба со која може да се надомести моменталната разлика“, алудирајќи на падот на поддршката за власта.

„Во јавноста се лицитира со датуми кога ќе има избори, кога ќе има митинг. Но, тоа ништо не значи. Тие датуми служат само за нивната машинерија да биде подготвена за брза мобилизација. А таа војска сѐ побрзо го напушта бродот што тоне, управуван од капетан со сомнителна рационалност“, наведуваат студентите.

— реклама —

Тие додаваат дека доколку одлуките се носеле рационално, избори наскоро воопшто не би биле распишани.

— реклама —

„Да беше рационален, а не е, избори немаше да има. Разликата не се менува со месеци и не може да се покрие. Ако сепак се одлучи на таков чекор, тоа ќе биде уште еден во низата ирационални потези за кои ќе се кае“, стои во нивната порака.

Од друга страна, Вучиќ претходно изјави дека, според истражувањата, коалицијата предводена од Српската напредна странка би освоила мнозинство мандати, иако призна дека изборите секогаш носат неизвесност и дека би била тешка политичка трка.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarya21ta639bia97PyqYKE

Без задолжителен воен рок, реформи за БИА и прекинување на испорака на оружје за Израел – што планира новата власт во Србија?

Балкан | пред 23 часа

— реклама —
media-librarysu4m6bp9n599eSutE3z

По речиси 14 години на функцијата, директорот на „Србијаводе“ поднесе неотповиклива оставка поради закани кон семејството

Балкан | пред 1 ден

media-librarya5t804gei9endSRDlmd

Истрагата за „звучниот топ“ во Србија била само формална, на оштетените им било оневозможено правото на жалба

Балкан | пред 3 дена

media-library9r80j55i9ibj73rSjgf

РЕМ му забрани на Информер да емитува утринска информативна програма седум дена

Свет | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања