Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Судии и обвинители влегоа во трката за републички обвинител

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-librarytjhqcf9obo5mcEShfu2

До Собранието на Република Македонија досега пристигнале пет кандидатури за функцијата републички јавен обвинител, потврдија од собраниските служби. Рокот за поднесување пријави истекува денеска на полноќ, што значи дека во текот на денот сè уште постои можност листата на кандидати да се прошири.

— реклама —

Меѓу пријавените се Владимир Панчевски, поранешен претседател на Основниот кривичен суд Скопје, обвинителките Лидија Раиќевиќ и Ленче Ристоска, актуелниот судија во Кривичниот суд Ненад Савевски, како и актуелната вршителка на должноста републички јавен обвинител Анита Тополова-Исајловска.

— реклама —

Функцијата остана испразнета откако поранешниот републички јавен обвинител Љупчо Коцевски во декември минатата година поднесе неотповиклива оставка. По неговото заминување, Советот на јавни обвинители за вршител на дејноста ја избра Тополова-Исајловска, која сега се јавува и како кандидат за полн мандат.

— реклама —

Инаку, оваа позиција одамна ја следи контроверзна репутација. Покојниот државен јавен обвинител Александар Прчевски уште во 2006 година функцијата републички јавен обвинител ја опиша со саркастичниот и горчлив израз „последната будала“, предупредувајќи дека станува збор за позиција во која обвинителството ризикува да биде претворено во продолжена рака на извршната власт, наместо независен чувар на законитоста.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryl1eaujscnrp0f3HuvQY

Ленче Ристоска преку СМС го известила Савески дека си заминува: Од медиумите ги дознав причините

Македонија | пред 3 дена

Screenshot-2025-08-01-at-12.06.16

Ленче Ристоска поднесе оставка, заминува од Обвинителството: Нема услови за работа

Македонија | пред 3 дена

media-libraryjeifrmc3923n0xTSp1W

Потпишан колективен договор меѓу судската администрација и Кривичен суд: Тие се тивка и суштинска поддршка

Македонија | пред 5 дена

media-libraryp2dfqniqeossffhhmkH

Советот на обвинители ја одби Ленче Ристоска: Нема докази за политички притисоци

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања