Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Судијата не смеел да досуди повеќе од две години за возачот кој ја усмрти Теодора во Тетово, велат од Судскиот совет

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2025-04-10-at-15.39.13

Судскиот совет не најде погрешно постапување на ниту еден од трите судови кои постапувале во случајот за смртоносното прегазување на 22-годишната Теодора Ристовска од Тетово. Тие таксативно наведуваат кој суд како постапил, па на крајот посочува дека судијата Елмедин Ферати не згрешил кога возачот Менсур Пајазити кој го усмрти девојчето, го осудил на 2-години затвор. Оттаму појаснуваат дека на пресудата се жалел само возачот Ферати, па така, според нив тука важи одредбата од Законот за кривична постапка насловена како „забрана за менување во полошо“ во однос на казната.

— реклама —

„Ако е изјавена жалба само во корист на обвинетиот, пресудата не смее да се измени на негова штета во однос на правната оцена на делото и на кривичната санкција“, стои во одредбата од законот на кој се повикуваат.

— реклама —

Работите, според образложението на Судски совет би биле поинакви, ако на првостепената пресуда кога возачот Менсур Пајазити бил осуден на три години и шест месеци, се жалело и Обвинителството. Тогаш, при повторување на постапката, судијата ќе можел да одреди и повисока казна. Но, не само што Основното обвинителство-Тетово немало жалба, туку Вишото јавно обвинителство, односно обвинителката Вјолца Елмази, прво барала да му се потврди казната, а потоа се предомислила и барала пониска казна. И така била изречена санкцијата од две години, која е конечна.

Од Обвинителството за „Скопје1“ потврдуваат дека барале да се намали казната, па се правдаат дека не очекувале дека ќе му намалат толку многу. Сепак, пресудата се темели и на предлогот. Но немаат одговор зошто тоа не било направено преку писмениот предлог, туку прво Вишото обвинителство барало да се потврди казната, па се предомислило.

— реклама —

— реклама —
vjolca-4141

Обвинителка барала пониска казна за возачот кој ја усмрти Теодора по првата пресуда, иако претходно бил даден предлог да се потврди затворот од 3,6 години

Вишата обвинителка од Гостивар, Вјолца Елмази, прво барала да му се потврди казната од три години и шест месеци, а потоа се предомислила и барала пониска казна за обвинетиот Менсур Пајазити, кој ја усмрти Теодора Ристовска на пешачки премин. Ова го покажува пресудата на гостиварска Апелација, која беше изречена, а потоа Врховен суд ја укина. Обвинителката до судот доставила писмен предлог за одбивање на жалбата на обвинетиот возач, а потоа на јавна седница предложила делумно да се уважи и тоа во

Македонија | пред 1 година

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library0eo6ercmb4550X4Rz1L

(Видео) Дивеење низ тетовските улици: Уништени дрвја и зеленило

Македонија | пред 3 дена

— реклама —
media-librarydhsmgkbi4d7leih5dp0

Тетовскиот базен два дена резервиран само за жени и девојки

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryjb3bq9qaeujocNLeoBT

Општина Тетово обвини за политизација на процесот за преименување на улиците

Македонија | пред 1 седмица

2-1-2

Тетовец на социјалните мрежи: „Добив казна дека не возам по велосипедска патека, а патеката беше блокирана со возила и контејнери“

Коментари | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања