Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Судот го враќа на работа анестезиологот од Тетово кој незаконски снимаше пациентки на Гинекологија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
Klinicki-bolnici-vo-Tetovo

Три години по апсењето што предизвика силни реакции во јавноста, анестезиологот Валтон Дервиши од болницата во Тетово, кој незаконски снимаше пациентки на Гинекологија и пушташе стрим во живо на социјалната мрежа „Тикток“, се очекува да се врати на работа, откако судовите го поништија решението за негово отстранување.

— реклама —

Дервиши беше уапсен и осуден на 15 месеци затвор поради неовластено снимање на пациентки и медицински персонал на гинеколошкото одделение, како и поради објавување дел од снимките на социјалната мрежа TikTok.

— реклама —

Според информациите од судските постапки, подоцна биле изменети првичните дисциплински мерки и дел од обвиненијата биле преквалификувани, по што било оценето дека нема доволна правна основа за трајно одземање на неговата лекарска лиценца.

Според Законот за работни односи, отказ може да добие вработен на кого со правосилна пресуда му е забрането вршење дејност или му е изречена казна затвор подолга од шест месеци.

— реклама —

Адвокатот на тетовската клиника, Дарко Котески, изјавил дека ниту колегите, ниту пациентките кои биле снимани не се приклучиле на кривичниот прогон.

— реклама —

Од Клиничката болница во Тетово последна можност за преиспитување на случајот гледаат во евентуална ревизија пред Врховен суд, кој засега сè уште нема донесено одлука.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryolai1l68gcuidh98FJD

Фалсификувале договор за купопродажба и префрлиле стан на свое име – кривична за двајца тетовци

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryp2j390mlgjct3VZUKVN

(Видео) Момче на електричен тротинет ја закачило и оштетило рампата на влезот во тетовско училиште

Македонија | пред 1 седмица

media-library6vnneot6mh86coVxxZc

(Видео) По снимките што се шират на „Тикток“ од Тетово, полицијата објасни што се случило

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryru33gus5snuq208c5cg

19-годишник од Тетово загина во Италија, паднал од покрив висок околу седум метри

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања