Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

Судот пресече во корист на Њујорк тајмс: Пентагон незаконски го ограничува пристапот на новинарите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
pentagon

Федерален судија во САД ја блокираше политиката на администрацијата на Доналд Трамп за ограничување на пристапот на новинарите до Пентагон, оценувајќи дека делови од мерките се незаконски.

— реклама —

Судијата Пол Фридман пресуди дека новите правила нелегално ги ограничуваат прес-акредитациите и ги потврди наводите на Њујорк тајмс, кој поднесе тужба против Пентагон и министерот за одбрана Пит Хегсет.

— реклама —

Весникот тврдеше дека ограничувањата ги прекршуваат уставните права на новинарите, вклучително и слободата на говор и правото на правично постапување. Судот оцени дека политиката е спротивна на Првиот и Петтиот амандман од Уставот на САД.

— реклама —

Новинарите на „Њујорк тајмс“, заедно со други медиуми, претходно ја напуштија зградата на Пентагон во знак на протест против новите ограничувања.

— реклама —

Од Пентагон засега нема официјален коментар, додека од „Њујорк тајмс“ наведуваат дека целта на мерките била да се замолчи известувањето кое е неповолно за администрацијата на Трамп.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

korona-kovid-vakcina-vakcinacija

Њујорк тајмс: Десет деца починале од ковид вакцинација, постои документ на американската Администрација за лекови

Свет | пред 6 месеци

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања