Промени тема
Контакт

Судските службеници реагираат: „Не сме го тужеле Врховниот суд за 70.000 евра“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
Vrhoven-sud

Судските службеници во Врховниот суд на Република Македонија реагираат на информациите објавени, поврзани со конечниот ревизорски извештај на Државниот завод за ревизија, оценувајќи дека во јавноста е создадена погрешна слика за вработените во судската служба.

Во реакцијата се наведува дека забелешката во ревизорскиот извештај за 28 судски постапки, во кои Судот се јавува како тужена страна, по основ на надоместоци и права од работен однос во вкупен износ од 4,2 милиони денари, не се однесува на вработените во судската служба.

— реклама —
— реклама —

„Предметните судски постапки за надоместоци и права од работен однос во износ од околу 70.000 евра не се поведени од вработените во судската служба. Вработените во судската служба за периодот опфатен со ревизијата немаат поведено постапки, ниту пак побаруваат средства по тој основ“, се наведува во соопштението.

— реклама —

Оттаму посочуваат дека со објавување на наслови во кои се наведува дека „вработените го тужат Врховниот суд и бараат околу 70.000 евра“, се создава погрешен впечаток кај јавноста и се нарушува угледот и интегритетот на судските службеници.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryg16c428s4k2m3rKW5hY

Врховниот суд објави зошто ги укина пресудите за Стевчо Јакимовски

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
nesreka-prvi-momenti

Врховен ја укина пресудата на Апелација за „Ласкарци“ – предметот се враќа на повторно одлучување

Македонија | пред 1 седмица

Vrhoven-sud

Врховниот суд пред сериозни предизвици: Недостигаат судии, пари и кадар, а вработените го тужат и бараат околу 70.000 евра

Македонија | пред 3 месеци

media-library439d2gh00u939iRZvnh

(Видео) Од Врховен, преку судија и Владата до Судскиот совет: како, според Катевеновски, течела постапката за негово разрешување

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања