Промени тема
Контакт

Судството е под контрола на власта, да беше независно Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаше да бидат слободни, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-library3askkk708lrr8c7vJNR

Судството и обвинителството се ставени под контрола на власта, а доколку правосудниот систем навистина бил слободен и независен, премиерот Христијан Мицкоски и функционери на ВМРО-ДПМНЕ немало да бидат на слобода, обвини Наташа Поповиќ, членка на Извршниот одбор на СДСМ.

Поповиќ тврди дека во изминатите две и пол години власта воспоставила контрола врз институциите, а ги партизирала полицијата и Агенцијата за национална безбедност.

„Го сменија јавниот обвинител, сопруга на ексградоначалник на ВМРО беше избрана за Судскиот совет, избрана беше и обвинителка поврзана со Сашо Мијалков. Мицкоски јавно им делеше задачи на обвинители и судии од собраниската говорница, преку телевизија и преку телефон“, рече Поповиќ.

— реклама —

Таа се повика и на последниот извештај на Европската комисија, посочувајќи дека во него се нотираат проблеми во правосудството, борбата против корупцијата и јавните набавки.

„Нема систем. Христијан Мицкоски е и обвинител и судија, од кого зависат одлуките. Нема правда. Никој од власта не одговара“, обвини Поповиќ.

Според неа, антикорупцискиот тим на СДСМ обелоденил случаи и тендери во вредност од околу 200 милиони евра, но досега немало одговорност. Таа го спомена и поранешниот премиер Никола Груевски, како и имотот на ВМРО-ДПМНЕ, тврдејќи дека институциите постапуваат селективно.

— реклама —

Поповиќ наведе низа други случаи за кои СДСМ смета дека покажуваат двојни стандарди во правосудниот систем – од случаи поврзани со функционери и лица блиски до власта, до постапувањето во случаи за корупција, дрога и кривични пријави против владини претставници.

„За медиумски теленовели некои на граница се дочекуваат со црвен килим и камери, куќен притвор после бегство. А на крај родителите од Кочани без правда“, рече Поповиќ.

Таа тврди и дека кога лице блиско до генералниот секретар на Владата било фатено во случај поврзан со мито, постапката била прекината, како и дека немало соодветна одговорност во случај во кој, според СДСМ, телохранител на Мицкоски нападнал жена.

— реклама —

Во обраќањето беа споменати и случајот со пет тони дрога која, според СДСМ, ја минала границата на пат кон Србија, кривичните пријави против Мицкоски и други функционери, како и пријавите поврзани со загадувањето на водата во Гостивар.

Поповиќ ја обвини власта дека молчи и за функционери кои, според СДСМ, имаат фирми во Бугарија и бугарски пасоши, како и за министри за кои партијата тврди дека го величале Ратко Младиќ, правосилно осуден за геноцид и други воени злосторства.

„Нема правда затоа што имаме судство под контрола на власта. Граѓаните ја гледаат вистината“, рече Поповиќ.

— реклама —

Таа обраќањето го заврши со најдиректното обвинување кон премиерот и владејачката партија:

„Судството денес е под целосна контрола на власта. Да беше правосудството навистина слободно и независно, Мицкоски и ВМРО-ОКГ немаше да бидат слободни.“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Screenshot-2024-01-15-at-09.33.00

СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ: „Што направивте освен криминални тендери?“

Македонија | пред 7 часа

— реклама —
media-libraryifj7namj2f1n0svrrZY

СДСМ: ЗНАМ во Гостивар го чува идентитетот, а свој нема – има далечинско

Македонија | пред 8 часа

media-library5599haamqj8b3gCjaWK

СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ: Велите да пријавиме? Пријавуваме со месеци, вие сте на власт

Македонија | пред 14 часа

media-libraryrvnv9su2jj953qKCRwJ

СДСМ: Кога Мицкоски најавува поевтинување, цената оди нагоре – ребалансот е признание дека нема пари

Свет | пред 14 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања