Шукова: Македонски јазик и идентитет се дел од Европа и светот и за тоа нема дискусија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
Kaja-Intervju

Ние подолго време потенцираме дека македонскиот јазик и идентитет се јасно препознаени од Европската унија и се дел од Преговарачката рамка и тоа не е прашање за коешто треба да дискутираме и да отвараме нови рани или нови боишта, истакна потпретседателката на СДСМ Каја Шукова во емисијата „Аргумент плус“ на телевизија 24.

— реклама —

Шукова нагласи дека владата предводена од СДСМ претходно, успеа тоа да го затвори тоа прашање, а како што е познато потпишан е Договор со ЕУ на македонски јазик, што самото по себе кажува дека во однос на идентитетот и на јазикот нема што да се дискутира.

„Ние знаеме кој народ сме, ние знаеме на каков каков јазик зборуваме, Европа го призна тоа Обединетите нации го признаа“, рече Шукова, додавајќи дека секогаш имало и ќе има такви коишто ќе се обидуваат да разгоруваат национални прашања и во Македонија и пошироко на Балканот.

— реклама —

Шукова нагласи дека треба да се фокусираме на она што е битно за државата, а битно за државата се реформите.

„Ние цела година веќе не гледаме прогрес во реформите, согласно реформската агенда, согласно планот за раст, имаме стагнирање“ , рече Шукова.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

kaja-sukova

Шукова: Време е Скопје да добие модерен јавен превоз и вистински урбан ред

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynbrkksg7mad07wsWPYR

Шукова: Отпадот е ресурс, време е Скопје да добие чист и одржлив систем за управување со отпад

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryi4iiv2gpe0ncdxcF4sI

Шукова: Секој граѓанин ќе плаќа според тоа колку отпад создава, а не според квадратурата на домот во кој живее

Македонија | пред 3 месеци

kaja-sukova

Шукова: Дрисла ќе стане санитарна депонија со строга контрола

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања