Шукова: Вардариште и Дрисла станаа симболи на хаосот во управувањето со отпад

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Скопје
Screenshot-2025-09-10-115611

Кандидатката на СДСМ за градоначалничка на Скопје, Каја Шукова, на прес-конференција изјави дека Вардариште и Дрисла денес се симболи на распадот на системот за управување со отпад, а ВМРО-ДПМНЕ четири години не понудиле никакво решение за овој проблем.

— реклама —

„По Вардариште, пожарот на Дрисла ги докрајчи жителите на Скопје. Ова е најдобар доказ за неодговорното и неспособно управување на ВМРО-ДПМНЕ со градот. Четири години немаат никакво системско решение за управување со отпадот, додека ризикот по здравјето на скопјани расте секој ден. Наместо конкретни мерки, добивме само популизам и празни ветувања,“ рече Шукова.

Таа оцени дека додека градот се гуши во ѓубре и чад, градската власт одржува прес-конференции за, како што рече, нереални фестивали и паркови на контаминирано земјиште, за евтини партиски поени. „Град не се води со флоскули,“ додаде Шукова.

— реклама —

Според неа, кандидатот за градоначалник Орце Ѓорѓиевски веќе со денови се крие и избегнува да се соочи со граѓаните. „Дали навистина мисли дека може да управува со Скопје со нереални ветувања? Проекти како ‘парк на Вардариште’ се класичен пример за краткорочен популизам кој не допира до суштината на проблемот,“ изјави Шукова.

Таа порача дека СДСМ има јасен и конкретен план за решавање на проблемот со отпадот во главниот град. Меѓу итните мерки што ги најави се: оградување и обезбедување на просторот на Вардариште со контролиран пристап само за службите на комунална хигиена, како и воспоставување 24-часовно физичко обезбедување за спречување пожари и вандализам.

На среден и долг рок, таа најави изградба на нова претоварна станица според европски стандарди, како дел од систем за целосно управување со отпад – од собирање, преку селекција, до финално депонирање во Дрисла. „Безбедноста, деконтаминацијата и изградбата на модерен систем се клучни за долгорочно решение,“ истакна Шукова.

„Го повикувам уште еднаш Орце Ѓорѓиевски на јавно соочување. Ајде да им покажеме на скопјани кој има реална визија и план. Овој проблем не бара популизам – туку одговорност и работа. Здравјето на граѓаните мора да биде приоритет број еден,“ порача кандидатката за градоначалничка на Скопје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library4brs0ve4fekl43iVArO

(Фото) Се чисти Вардариште со тешка механизација, отпадот се транспортира на Дрисла

Скопје | пред 2 месеци

media-library8o34vtj7ji9e50h5VjW

(ФОТО) „Вардариште ќе стане современа претоварна станица, а не дива депонија“, вети Шукова

Скопје | пред 3 месеци

vardariste-OJO

„Стоп за Вардариште“ - Депонијата нема ограда!

Скопје | пред 4 месеци

aerodrom-vardariste

„Вардариште“ под лупа: Камери, обезбедување и ограда за депонијата веднаш

Скопје | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања