Промени тема
Контакт

„Шумите изгореа, а власта го крати буџетот“, Левица нуди решенија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
photo_2024-11-18_09-27-13

„Македонските шуми исчезнуваат под тежината на системска негрижа, неказнивост, политичката злоупотреба и тактизирање! Според најновата мапа на проф. д-р. Ивица Милевски, изработена врз основа на податоци од Hansen Global Forest Change датабазата, шумските површини во Македонија се алармантно намалени од 2000 до 2023 година. Загрозени се највредните природни предели – Скопска Црна Гора, Јакупица и околината на ​​​​Охридското Езеро, а не се поштедени ниту националните паркови“, велат од Левица.

„Доколку на ова би се додала и состојбата со пожарите во 2024 година, кога изгоре околу 90.000 хектари површина или 3.6% од територијата на Македонија - ситуацијата е навистина загрижувачка.

— реклама —

Овие загуби се доказ за хроничната негрижа и неодговорност на владејачките структури.

Државните институции систематски го игнорираат уништувањето на едно од најдрагоцените природни богатства на Македонија. Неказнивоста за подметнатите пожари и неконтролираното дрвокрадство се само врвот на ледениот брег. Надлежните одбиваат да создадат функционален шумски катастар, со што се остава простор за злоупотреби и хаос. Покрај тоа, ЈП „Национални шуми“ наместо да биде столб на заштита и одржливост, е претворено во алатка за партиски вработувања и злоупотреба на ресурси.

— реклама —

Лежерноста на владејачките елити продолжува, па како круна на сета оваа катастрофа – Владата на ДПМНЕ-ВРЕДИ-ЗНАМ, понуди намален буџет за шумарство за 2025 година!

За спречување на понатамошниот пустош, пратениците Реџеп Исмаил и Сашко Јанчев од Левица, поднесоа амандмани со кои се бара зголемување на средствата за набавка на современа противпожарна опрема и буџет за ревитализација на уништените шумски предели.

— реклама —

За потсетување: пратениците од Левица овој мандат предложија законски измени со цел дестимулирање на намерното палење на шумите и подметнувањето шумски пожари. Измените предвидуваа 50 годишна забрана за било каква урбанизација, градење објекти, поставување на фотоволтаични централи, сеча на дрвја на површини коишто биле зафатени од пожар. Владејачкото мнозинство од ДПМНЕ-ВРЕДИ-ЗНАМ не гласаше за овој предлог на Левица.

Без итни мерки, последиците ќе бидат катастрофални! Уништувањето на шумите веќе предизвикува ерозии, свлечишта и поплави, со ризици од долгорочни еколошки и економски штети. Неодговорноста на владејачките структури во последните две децении ја претворија Македонија во жртва на сопствената негрижа.

— реклама —

Оваа криза е последен аларм за суштински промени и одговорност за оние кои со години ја запоставуваат и уништуваат нашата природа.

Без акција денес, Македонија утре ќе се соочи со последици коишто нема да може да ги поправи!“, соопшти Левица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3ft7rc4dl6t51mNsGBk

Левица предлага нова државна служба: Војниците над 45 години да ја чуваат критичната инфраструктура

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
pratenici-sobranie-levica

Левица застана зад жителите на Шупли Камен: Стоп за вадењето песок од Пчиња

Македонија | пред 1 ден

media-librarycq2hp0esfe8p6RRsRKO

Левица: „Фон дер Лајен го деблокира процесот, а Мицкоски кима со главата“

Македонија | пред 1 ден

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Левица: Струјата е „евтина“ само на хартија, но најмногу тежи на џебот на народот - Левица бара реформа на тарифниот систем

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања