Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Шумски пожар во Италија се шири над езерото Гарда, стотици луѓе евакуирани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-library385mvb3fgt0dakb6wxr
Илустрација

Голем шумски пожар избувна во близина на езерото Гарда во северна Италија, поради што повеќе од 200 луѓе се евакуирани, меѓу кои и десетици туристи, објави ДПА.

— реклама —

Пожарот ја зафати територијата на општината Тињале, на западниот брег на езерото Гарда, кое е најголемото езеро во Италија и една од најпопуларните туристички дестинации во земјата.

Како превентивна мерка, евакуирани се туристи од едно одморалиште, како и луѓе од неколку други објекти во околината. Според противпожарната служба, огнот брзо се проширил во текот на ноќта во планинската област над брегот на езерото.

— реклама —

Голем број пожарникари и утрово продолжија со гаснењето, но пожарот сè уште не е ставен под контрола. Приоритет е локализирање на огнената стихија и заштита на неколку станбени објекти.

— реклама —

Во акцијата се вклучени и противпожарни авиони и хеликоптери.

Пожарот избувна во период кога Италија со недели се соочува со топлотен бран, со температури кои во одредени делови од земјата надминуваат 40 степени Целзиусови.

— реклама —

Речиси сите поголеми градови во Италија во моментов се под црвено предупредување поради здравствените ризици од екстремните температури. Истовремено, поради сушните услови, значително е намалено и нивото на реката По, најдолгата река во земјата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryuujv7d2232g2fXj0kiG

Најмалку 300 училишта во Италија евакуирани по закани за бомби

Свет | пред 2 часа

— реклама —
media-libraryflied4nfjmu68Ot24Gg

Оваа европска земја ќе ги пресметува казните за секој километар пречекорување на брзината

Патувања | пред 1 ден

media-librarym5s197b52hf5busDL2f

Италија и Шпанија најпосакувани дестинации за есенски одмор меѓу Европејците

Патувања | пред 3 дена

avtopat

Италија планира казни до 160 евра за возачите што возат премногу бавно

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања