Промени тема
Контакт

Свеченост по повод 11 Октомври

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

ОО
media-libraryfh1m46aq1utv1cM3bzJ

Во пресрет на 11-ти Октомври, Денот на востанието на македонскиот народ во втората светска војна, денеска во Општина Охрид се одржа пригодна свеченост во чест на големиот празник. Пред присутните свое обраќање имаше градоначалникот Кирил Пецаков.

‎

IMG_9693‎– Народоносолободителната борба претставува симбол на непокорот, достоинството и вековната борба за мир и правдина. Преку пожртвуваноста на нашите херои се изгради темелот на македонската државност и идентитет.

‎Револуционерната борба на Македонскиот народ е доказ дека слободата не се подарува, таа се заслужува преку единство, визија и храброст.

‎11-ти октомври е жива меморија, тој ја претставува свесноста и сплотеноста на една  генерација која избрала да не молчи, со решителност, поголема од стравот и со силна идеја, посветла од темнината на ропството.

‎Охрид и Дебрца дале многу храбри луѓе за оваа слобода која ја живееме денес. Тоа не се само имиња на споменици, тоа се нашите предци, нашите роднини, соседи и пријатели, чии животи се вткаeни во слободна Македонија. Нивната жртва е темелот врз кој е изградена нашата држава.

‎Денес ја имаме честа да им оддадеме достојна почит, но не само со зборови, туку и со ветување дека нивната борба нема да биде заборавена и дека ќе го чуваме нивното големо дело како аманет за идните поколенија.

‎Почитувани, Слободата која ја имаме денес не е само привилегија, таа е наша одговорност, па затоа треба да ја вредуваме со знаење, љубов и решителност. Да продолжиме да бидеме свои на своето и горди на се што е македонско! Нека ни е честит 11 Октомври – Денот на народното востание! Нека живее нашиот Охрид, нека живее Македонија, слободна, достоинствена и сплотена!, истакна Пецаков во своето обраќање.

‎

— реклама —

‎Во името на Сојузот на борците од Охрид и Дебрца, пред присутните се обрати претседателот на организацијата Гоце Георгиески.

‎‎Програмата беше збогатена со културно уметничка програма во која учествуваа Андријана Билаловиќ – Тодороска со изведба на делови од „Пиреј“ на Петре М. Андреески, академските музичари Мила Тренеска и Билјана Буџакоска и членовите на КУД  “Гердан од бисери“.

IMG_9668

— реклама —

IMG_9671

IMG_9673

IMG_9674

IMG_9676

IMG_9678

— реклама —

IMG_9679

IMG_9682

IMG_9693

IMG_9697

— реклама —

IMG_9703

IMG_9710

IMG_9713

IMG_9720

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys6isuqib5h5f0d28b8i

Охрид со нови капитални проекти: Катна гаража, пречистителна станица и спортска сала

Охрид | пред 1 ден

— реклама —
media-librarygesnda26ae81frSiUhm

(Видео) Продолжува реконструкцијата на улицата „7-ми Ноември“ во Охрид

Македонија | пред 1 седмица

media-library8t0vpoac23pncs70GXV

Општина Охрид започнува чистење на речните корита и критичните точки

ОО | пред 1 седмица

media-libraryhfqjoqj9s2o980tZABb

(Видео) Видео од Охрид хит на социјалните мрежи: Девојче со преубав глас ја запеа „Ако згрешам нека изгорам“

Вирално | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања